Јапонски сладолед направен од европски состојки е прогласен за најскапиот сладолед во светот според Гинисовата книга на рекорди. Сладоледот е веќе во продажба и чини многу повеќе од еден просечен фамилијарен одмор. Се вика ‘Byakuya’ што значи „полноќно сонце“ и е направен од брендот Cellato, а чини неверојатни и запрепастувачки 6.200 евра (873.400 јапонски јени)
Но зошто е толку скап? Причината лежи во составот на сладоледот. Помеѓу состојки се и престижни вкусови од Италија – домот на сладоледот- вклучувајќи Пармиџано Реџано и редок бел тартуф што расте во Алба, регион во Пиедмонт и чини 13.800 евра по килограм. Луксузниот десерт исто така вклучува и златен лист што се јаде и талог од саке.
Целта на бредот Cellato е да ги спои европските и јапонските состојки и вкусови во форма на сладолед и за да успеат во тоа, компанијата работела со шеф Тадајоши Јамада од ресторанот РиВи во Осака, кој е познат по креативната „фјужн“ кујна (кујна која комбинира елементи на различни кулинарски традиции кои потекнуваат од различни земји, региони или култури).
Објаснувајќи го процесот, од брендот изјавиле дека им требало година и половина да го направат, со многу обиди и грешки за да го добијат вистинскиот вкус.
„Постигнувајќи Гинисов рекорд го направи целиот труд исплатлив“, кажале од Cellato.
Некои од тие што го пробале овој најскап сладолед дале добри комплименти за вкусот велејќи:„Робусниот мирис на белиот тартуф ги исполнува устата и носто, проследен со сложени и овошни вкусови на Пармиџано Реџано. Талогот од саке пак го завршува славното искуство на вкусот“
Cellato наводно планира да направи продукти и со други комбинации на луксузни состојки како шампањ и кавијар.