Засолнувањето е основната работа со која се занимава архитектурата. Начините на живеење и интеракцијата во просторот во кој го поминуваме нашиот секојдневен живот е вечна дебата, која се залага за обезбедување на подобар квалитет на живот, но исто така и за развој на некои нови начини на живеењето. А дебатата околу малите куќи отсекогаш била актуелна, а во последно време станува уште повеќе. И, така, се прашуваме, колкав може да е најмалиот простор за живеење?
Уште во почетокот на минатиот век архитектите се обидуваа да предложат решенија за биолошки и психолошки потреби преку минимални простори за живеење. Речиси еден век подоцна, идејата за минимално домување е сè уште контроверзна тема што мора да се разгледа, особено затоа што таа честопати не е во состојба да ги задоволи желбите или критериумите за благосостојба на поединецот.
Еве неколку примери на мали станбени проекти кои се чини ги исполнуваат очекувањата на нивните жители, што ги претставуваат најмалите куќи на планетата.
1.Getaway cabin ”The Clara” (15m²)
Архитекти: Wyatt Komarin + Addison Godine + Rachel Moranis
Година: 2015
Америка
2.Student Unit (10m²)
Архитекти: Tengbom
Година: 2013
Шведска
3.Etno Hut (14m²)
Архитекти: Utopium
Година: 2018
Литванија
4.Elsewhere Cabin A (15m²)
Архитект: Sean O’Neill
Година: 2018
Америка
5.Viking Seaside Summer House (12m²)
Архитекти: Allergutendinge
Година: 2017
Франција
6.Vacation House (9m²)
Архитект: Hristina Hristova
Година: 2015
Бугарија