Рут Картер е дизајнерката позади костимите во „Црниот Пантер“ и „Ваканда Засекогаш“, филмови кои и донесоа два Оскари за најдобра костимографија, со што стана првата црна жена која добила две награди Оскар. Гледајќи наназад, уште од 1988 година преку своето деби како костимограф во филмот на Спајк Ли, „School Daze“, дизајнерката станала несопирлива сила која преку модата ги портретира минатите, сегашните и футуристичките визии на животот на Афро-американците.
Иако Картер е позната најмногу по нејзината кинематографска работа, нејзиниот стил и зад камерите е инспирација за многу светски дизајнери да почнат незаборавни трендови. Рејдио Рахим во филмот Do The Right Thing ги носеше плочките Love и Hate кои подоцнаа станаа иконски, додека дизајните на Картер во филмот B.A.P.S го направија меинстрим трендот од 90-тите, Ghetto Fabolous. Овој тренд става акцент на силни бои, нековенционални форми и светликави материјали, кои беа инспирација за брендовите како Москино и Версаче, да ги креираат волуменозните златни додатоци и храбрите неонски дизајни. Во прилог неколку филсмки костими кои се ремек дело на дизајнерката Рут Картер.
DO THE RIGHT THING (1989)
WHAT’S LOVE GOT TO DO WITH IT (1993)
SCHOOL DAZE (1988)
B*A*P*S (1997)
MALCOLM X (1992)
BLACK PANTHER (2018) & WAKANDA FOREVER (2022)