Настанот е целосно online и ќе се спроведува исклучиво на инстаграм профилот на @fashion_revolution_macedonia на 04/12/2021
Fashion Revolution сака да го репозиционира Black Friday во насока на преиспитување и делување против навиките за кои е создаден Black Friday односно фаворизирање на сѐ поголем конзумеризам.
Луѓето околу светот се сѐ посвесни за неконтролираното влијание на модната индустрија врз околината и луѓето. Ефектот на пандемијата врз оваа индустрија остави безброј брендови со огромен број на непродадена, па дури и непласирана понуда воопшто. Исто така, најголемиот дел од луѓето кои ја прават облеката живеат во сиромашни услови и јазот помеѓу богатите и сиромашните продолжува да расте.
Кога купуваме по смешно намалени цени ние праќаме порака до брендовите дека за нас е сосема во ред тоа што некој некаде не е платен за својот труд и дека воопшто не сме засегнати од еколошките влијанија на тоа производство. Па така, брендовите се со став дека без разлика што и да понудат тие, кога цените се конечно намалени потрошувачите ќе ‘помогнат’ сѐ што ќе понудат и да продадат.
„Дојдов на идеја за прв пат да спроведеме ваков настан целосно online. Сега е периодот кога сите сакаат да изгледаат подобро од било кога и да ја заокружат и годината со по некое ново парче облека. Но, од друга страна пак, сите имаме облека која веќе и не ни е толку омилена. Зошто да не се замениме или едноставно да подариме доколку сме во можност? Сѐ уште живееме во пандемија, па затоа сметам дека со следење на правилата кои ќе ги објавиме и со добра желба и меѓусебна комуникација би можеле да го ‘разиграме’ почетокот на декември“ – вели Ана Јакимовска, Координатор на движењето во С. Македонија.