Слики од деловна зграда во вид на коцка во Берлин и висок кинески облакодер се меѓу финалистите на престижните награди за Архитектонска фотографија за 2021 година. Во категориите вклучувајќи ентериери, екстериери и згради кои се користат, е и криволинискиот хотел во Дубаи и кула во Хонг Конг во целосен мрак откако резидентите биле евакуирани за време на карантин.
Победниците ќе бидат прогласени на годинешниот Светски архитектонски фестивал WAF кој ќе се одржи виртуелно на почетокот на декември. По две фотографии ќе бидат избрани од шест категории, а од 12 фотографии две ќе бидат прогласени за победнички. Финалните фотографии беа избрани од 2.000 пријавени. Во 2019 година наградата за најдобра фотографија ја зема Лориан Гинту за музејот Twist во Норвешка.
Погледнете дел од финалистите за оваа година.