Mакедонската стилска приказна која веќе шеста година се раскажува низ модниот симболизам на италијанскиот бренд Rebecca, доби ново поглавје. Италијанското бренд-портфолио е збогатено со уште три познати брендови за накит: Rue des Mille, Rosato и Valentina Ferragni. Секој бренд засебно, е автентична приказна со италијански наратив, совршена за креирање нови авантури и трендовски доживувања. Новите парчиња на накит се достапни во продажниот салон во East Gate.
VALENTINA FERRAGNI
Валентина Ферањи е италијанска блогерка и инфлуенсерка, која својата страст за мода ја преточува низ сопствен бренд за накит, лансиран во септември 2020 година. Приказната започнува со иконичната обетка UALI која всушност е нејзин иницијал V достапна во мноштво бои. Обетките, кои се апсолутен хит, се комбинираат на неколку начини, а водечките магазини во Италија, како Cosmopolitan, Grazia, Gioia, Vogue, Elle, Vanity Fair во чекор ја следат секоја креација на Валентина, која брендот го збогатува и со ланчиња и алки. Секое парче накит на Валентина Ферањи е изработено од фини материјали како сребро 925, со позлата од 24 каратно жолто злато или платина, а процесите на фина доработка, емајлирање или поставување циркони, се целосно рачно изработени од врвни италијански јувелири. – Занаетчиската експертиза на италијанското производство на накит е во сржта на секоја креација на Валентина Ферањи.
-Сите фази на изработка на накитот се спроведени рачно (леење на восочни калапи кои не содржат пластика, топење на сребрена легура на 1.033 степени, строго контролирана позлата, финиширање, поставување циркони и емајлирање);
-Во една серија, може да се произведат само 140 парчиња обетки;
-Позлата од 24 каратно жолто злато или платина;
-Цирконите и премазот се нанесуваат рачно;
-Производите не содржат никел.