Велат дека водата е движечка сила на сите живи суштества на нашата планета. Водата е живот, водата е постојано движење, тек на постоењето, водата е природен показател на сите животни промени и циклуси.
Заедно со нашите соработници Роса вода ја создадовме рубриката ,,На прошетка со Роса”, во која имаме можност да поразговараме со интересни соговорници, да уживаме во убавините на природата и секако да слушнеме инспиративни мисли и практики за здрав живот. Во втората епизода наши гости се Игор Делов и Бане Спировски, кои се големи љубители на пливање, планинско трчање, планинарење, крос фит и велосипедизам.Тие ни ги раскажаа своите практики кои ги водат до здрав, активен живот.