Во 1939 година издавачот на стрипови Мартин Гудман го забележа растот на популарноста на стриповите и на насловите со суперхерои и реши да основа своја публикација за стрипови. Гудман ја основаше Timely Comics токму на денешен ден 12 јануари пред 84 години. Во тоа време Стен Ли, најпознатото име во светот на стриповите и суперхероите бил само 16 години. Timely Comics почнале да работат на првото издание кое излегло во октомври истата година под името кое ќе стане синоним на целиот медиум Marvel Comics #1.
Во првиот стрип на Марвел, светот се запозна со The Human Torch (Човекот факел), кој подоцна ќе стане витален член во светот на суперхероите како дел од Фантастичната четворка.
Две години подоцна во 1941, Гудман го ангажирал Стен Ли кој ќе ги креира иконите како Спајдермен, Икс Мен и Ајрон Мен. Останатото е историја. Марвел Ентертејнмент денес е мулти-милијардерска компанија како дивизија од Волт Дизни компанијата, а нивниот филм од 2019 година, „Одмаздници-Завршна игра“ е вториот филм со најдобра заработка на сите времиња.