Music of the Spheres на Coldplay е најпосетена турнеја на сите времиња, со 9,6 милиони продадени тикети за 164 концерти помеѓу 2022 и 2024 година.
Турнејата на Coldplay Music of the Spheres е повеќе од обична концертна турнеја и многу повеќе од визуелни ефекти. Таа е претставување на една револуционерна намера за иднината на музиката во живо. Непоколебливата посветеност на бендот за одржливост е очигледна во секој аспект на продукцијата, поставувајќи нов репер за еколошки свесни турнеи.
ЕДНО ЗАСАДЕНО ДРВО ЗА СЕКОЈ КУПЕН ТИКЕТ ЗА ТУРНЕЈАТА
Coldplay во партнерство со One Tree Planted одлучи да засадат по едно дрво за секој продаден тикет за турнејата, што резултираше со милиони дрвја засадени низ светот, поддржувајќи ги напорите за пошумување и обновување на животната средина. Дел од локациите.
КИНЕТИЧКИ ПОД И ВЕЛОСИПЕДИ
Една од највпечатливите карактеристики на турнејата беа кинетичкиот под и велосипеди. Оваа иновативна технологија ја искористи енергијата генерирана од движењето, возењето и танцувањето на публиката, напојувајќи ги светлата и другите елементи на шоуто и создавајќи енергија за следните шоуа.
ЛЕД АЛКИ
Еден од најуникатните елементи на турнејата беше употребата на лед алки кои го следат движењето на публиката и комуницираат со осветлувањето на сцената. Овие алки се направени од одржливи материјали и се дизајнирани да можат повеќекратно да се користат. Бендот на своите концерти ги замолува присутните да ги вратат алките, а споделуваат и информации за процентот на вратени алки на нивната турнеја, каде на првите три места се Токио, Копенхаген и Буенос Аирес. Со инкорпорирање на учеството на публиката, Coldplay создаде поинтерактивно концертно искуство.
ТРАНСПОРТ
Посветеноста на бендот за одржливост се прошири и надвор од сцената. Членовите на Coldplay промовираа велосипеди и јавен превоз како начин на транспорт за време на турнејата. Покрај тоа, туристичките автобуси беа опремени со соларни панели и оптимизирани за ефикасност на горивото, што дополнително го минимизира нивното влијание врз животната средина.
РЕЦИКЛИРАЊЕ И ОДРЖЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ
Покрај енергијата и транспортот, Coldplay се фокусираше и на намалување на отпадот и промовирање на рециклирањето. Целата опрема на сцената беше дизајнирана со можност повторно да се користат и да се рециклира, а на стадионите можеше да се внесе само празно шише со вода кое ќе се наполни на еден од апаратите за вода, со цел да се намали употребата на пластични шишиња.
Турнејата на Coldplay Music of the Spheres беше доказ за моќта на иновативноста и креативноста во справувањето со климатските промени. Со спроведувањето на овие мерки, бендот покажа дека е можно да се создаде концертна продукција од големи размери без да се жртвува одговорноста за животната средина. Посветеноста на бендот за одржливост не само што ги инспирираше нивните фанови туку и испрати моќна порака до музичката индустрија како целина. Демонстрирајќи дека е можно да се создаде успешна и еколошка турнеја, Coldplay го отвори патот за поодржлива иднина за музика во живо.