Најпознатата глувчица во светот добива целосна промена на изгледот. Мини Маус наскоро ќе носи сино палто и панталони, наместо нејзиниот препознатлив црвен фустан со точки, но ќе ја задржи машната. Новиот изглед е дизајниран од модната дизајнерка Стела Меккартни, по повод 30 годишнината од Дизниленд во Париз.
Мини ќе го носи костумот за прв пат во Дизниленд во Париз во март годинава, обележувајќи го и Меѓународниот ден на жената.
„Мини секогаш ќе има посебно место во моето срце. Ги делиме истите вредности и тоа што го сакам кај неа е дека секогаш е автентична, искажува радост и има одличен стил. Новиот потпис на нејзините точки ја прави Мини Маус симбол на прогресот за новите генерации“, изјави Стела Меккартни.
Студиото Волт Дизни последниве години прави промена во адаптацијата на класиците прилагодувајќи на новите генерации. Но онлајн и Твитер реакциите на промената на Мини Маус се измешани. Додека на некои им се допаѓа новиот изглед, други велат дека е насилно промовирање модерни вредности.
Некои обожаватели, сепак истакнаа дека е ова не е прв пат Мини Маус да носи панталони. Во 2019 таа носеше бели морнарски панталони како Капетан Мини на Дизни крузерот. Мини Маус за прв пат се појави во стрип културата пред речиси 100 години како љубовта на Мики Маус. Во 1942 година беше откриено дека нејзиното целосно име е Минерва.
Извор: bbc.com