Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА, во рамките на кампањата за одбележување на 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица денес ќе одржи Марш за видливост на трансродовите лица, што во 16 часот, со почеток пред Владата на Република Северна Македонија.
TрансФормА заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи се приклучува по 5 (петти) пат кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.
„Како и сите претходни години, и оваа година децидно и недвосмислено бараме Законот за правно прознавање на родот да биде конечно ставен во Собраниска процедура со што пратениците ќе ја добијат можноста да гласаат онака како што ветуваа пред да бидат избрани и онака како што Европскиот суд за човекови права и наложи на оваа Влада како обврска. За политичките субјекти можеби ова е интригантна политичка игра и собирање поени, меѓутоа Ве уверуваме дека за трансродовата заедница ова е единствен начин да започне да ги остварува и ужива своите најелементарни човекови права.
На 31-ви март гласно ја испраќаме пораката „И мојот идентитет постои“ со што се обидуваме да ја зголемиме видливоста на трансродовите луѓе, која е од клучно значење за овие процеси со цел да се обезбеди адекватно правно и социјално интегрирање на овие лица во едно демократско и цивилизирано општество за кое Република Северна Македонија барем декларативно се залага“, велат организаторите.
Меѓународен ден на видливост на трансродовите е годишен настан што се случува на 31 март, ден на кој се слават трансродовите луѓе и е посветен на подигање на свеста за дискриминацијата со која се соочуваат трансродовите лица ширум светот.
Празникот беше основан од американската транссексуална активистка Рејчел Крндалд од Мичиген во 2009 година како реакција на недостатокот на ЛГБТ празници кои ги слават трансродовите луѓе, цитирајќи ја фрустрацијата дека единствен познат празник на трансродовите лица е Денот на сеќавање на убиените трансродови лица, но не ги призна и слави живите членови на трансродовата заедница. Првиот Меѓународен ден на видливост на трансродовите лица се одржа на 31 март 2009 година.