Зоран Кардула и изложбата инспирирана од серијалот „Војна на ѕвездите“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден ќе ја исполнат денешната програма во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.
Во чест на Илинден, Кардула ги поврза ликовите и сцените од култната филмска сага на Џорџ Лукас со сагата на споменикот на Гумење. Во плакатите на Кардула ги гледаме ликовите како Дарт Вејдер и Јода сместени во и околу Македониумот, а тој на еден плакат е е претворен во пилотска кабина која многу наликува на вселенскиот брод „Фалкон“ на ликот Капетан Хан Соло од филмскиот серијал.
Изложбата на Кардула ќе биде пропратена со ди џеј сет на Томи Бојаџи. Почетокот е закажан за вечерва во 20 часот, а локацијата е споменикот Илинден.