За вкусен почеток на денот од @lostinbaking, надополнет со медитерански вкусови скриени во овој сочен леб, со ароматични сушени домати, квалитетно фета сирење и секако превкусно песто.
Состојки:
– 250 гр. брашно
– 4 гр. сув квасец
– 1 лажичка химајалска сол
– 150 гр. млеко
– 2 лажици песто од домати
– 3 јајца
– 80 гр. сушени домати во растително масло
– 200 гр. фета сирење
– 1/2 лажичка оригано
Дополнително – златен лен, сусам за посипување
Постапка:
Во сад се додава брашното, квасецот и солта. Се додава млекото, јајцата, пестото од домати и сè се соединува мешајќи со шпатула. Тестото се остава да одмори 1 час на собна температура. Потоа се додаваат сушените домати, фета сирењето (издробено) и ориганото. Смесата се излива во калап за печење на леб, се посипува со златен лен и сусам и се пече 45 -50 минути на 180 Целзиусови степени. Превкусен е и топол во комбинација со путер, но и изладен заедно со јогурт.