Превкусен, брз колач приготвен од @lostinbaking од неколку состојки со навистина магичен вкус со изразена млечна нота и неодолива кремаста конзистенција.
Состојки:
– 4 јајца, на собна температура
– 100 гр. путер, омекнат
– 150 гр. кафеав шеќер
– 500 гр. млеко, на собна температура
– 125 гр. брашно
– 1 лажичка екстракт од ванила или еден ванилин шеќер
Подготовка:
Се двојат белките од жолчките, во сад за матење со миксер се матат пенасто одвоените жолчки заедно со шеќерот и омекнатиот путер. Се додава млекото, ванилата и брашното и се миксира до воедначена смеса. Во друг сад белките се матат до цврст снег, постепено се додаваат во првата смеса, внимателно мешајќи со шпатула. Смесата се истура во плех за печење 20×20 см обложен со хартија за печење и се пече 50-60 минути на 150 Целзиусови степени. Колачот се остава целосно да се излади, се сече на коцки и се сервира со изматена слатка павлака.