Сочни мафини од @lostinbaking исполнети со вкусно миризливо желе од јагоди и малини, дополнети со сладок крем на врвот. Уживајте!
Количината е доволна за 12 мафини
Состојки:
– 240 гр. брашно
– 5 гр. сода бикарбона
– 10 гр. прашок за пециво
– 100 гр. кафеав шеќер
– прстофат сол
– 100 гр. путер, стопен
– 140 гр. јогурт
– 100 гр. млеко
– 2 јајца
– 20 гр. сок од лимон
– рендана кора од половина лимон
Состојки за желе:
– 150 гр. јагоди
– 150 гр. малини
– 20 гр. сок од лимон
– 80 гр. вода
– 50 гр. кафеав шеќер
– 6 гр. желатин во прав + 15 гр. вода
Фил
– 150 гр. слатка павлака
– 100 гр. крем сирење
– остатокот од желето од јагоди и малини
Подготовка: Во сад се соединуваат брашното, содата, пецивото, солта и кафеавиот шеќер. Во друг сад се соединуваат течните состојки, истопениот путер, млекото, јогуртот, јајцата и сокот од лимон. Во садот во течните состојки постепено се додаваат сувите состојки и се меша до воедначување на смесата. На крај се додава ренданата кора од лимон. Во калап за мафини, во кој сме ставиле хартиени корпи ја распоредуваме смесата во секој калап до 2/3. Печеме 20 минути на 175 степени.
Желе: Јагодите кратко ги блендираме, исто така и малините со што пирето од малини го поминуваме низ цедалка со цел да се ослободиме од семките. Во сад на оган го додаваме пирето од јагоди и малини, шеќерот, водата и сокот од лимон, смесата ја вариме на среден оган 7 минути. Во меѓувреме желатинот ги натопуваме во ладна вода и оставаме да набабри. Сварената смесата ја тргаме од оган и мешајки го додаваме желатинот во топлата смеса сè додека не се растопи. Оставаме желето да се олади целосно во фрижидер. На оладените мафини им ја издлабуваме средината и ја полниме со приготвеното желе од јагоди и малини.
Фил: Настрана ја матиме слатката павлака со крем сирењето, го додаваме преостанатото желе и матиме сè до добивање на цврст крем. Секој мафин го декорираме со приготвениот крем.