Со доаѓањето на есента колачите и питата од тиква за @lostinbaking се дефинитивно must have! Ароматична, кремаста со крцкава лисната основа и богат фил, оваа пита е нешто што мора да се проба!
Состојки:
300 г. лиснато тесто (домашно или купено)
450 г. пире од тиква
150 г. овесна растителна павлака, но може и обична млечна
2 јајца
70 г. кафеав шеќер
1 лажица мед
25 г. брашно по избор
1 лажичка зачин за медени колачиња
1/2 лажичка цимет
Подготовка:
На набрашнета површина го расукуваме лиснатото тесто на соодветна големина според тавчето за печење. Го распоредуваме во тавата, со тоа што краевите треба да се подигнати за да има простор за филот. Кората по целата површина ја боцкаме со вилушка и ја печеме 10 минути на 200 Целзиусови степени. Во блендер ги блендираме сите состојки за филот, освен јајцата. Во добиената смеса на крај ги вмешуваме двете јајца. Смесата ја распоредуваме врз испечената кора и печеме уште 30-тина минути на 175 Целзиусови степени. Питата пред сечење е потребно комплетно да се излади.