Највкусните работи секогаш содржат наједноставни состојки. Овие екстра чоколадни трафлс со освежувачки вкус на мента се право гурманско уживање кое може сами да си го приредите во неколку лесни чекори. Рецептот е на @lostinbaking, a доколку сте во можност ви препорачува да користите поквалитетна чоколада, која што содржи какаов путер во составот, а тоа е тајната за трафлс кои се распуштаат на јазикот и воедно разликата во вкусот е огромна!
100 гр. квалитетна темна чоколада
100 гр. слатка павлака
40 гр. путер, омекнат
– прстофат хималајска сол
– неколку ливчиња нане, а може и без, какао во прав за валкање на бонбоните
Подготовка – во сад на оган се загрева слатката павлака заедно со ливчињата нане сè додека не ја достигне точката на вриење, потоа се трга од оган и се додава чоколадата искршена на парчиња. Сè се промешува додека не се растопи чоколадата, добиената смеса се прецедува низ цедилка, се додава омекнатиот путер и солта и со помош на стапест миксер се миксира до воедначување.
Добиената смеса се префрла во калап кој е обложен со хартија за печење и се става во фрижидер да се стегне 2-3 часа. Со остар нож, натопен претходно во жешка вода се сечат коцки со еднаква големина, секој бонбон се валка во какао во прав. Чоколадните бонбони чуваат во фрижидер, се вадат тесно пред сервирање.