Меѓународниот ден на сексуалните работници, ќе се одржи утре во градскиот парк во Скопје, наспроти дискотеките и паркот за кучиња, од 10-18 часот.
„Овој настан „Црвениот фустан добро ми прилега“ има цел да испрати силни пораки од страна на сексуалните работници до јавноста, преку црвената боја која е симбол на страст и љубов и затоа нејзиниот лик се преточува во самодоверба и борба за подобро утре. На настанот ќе бидат прикажани црвени фустани кои сексуалните работници со гордост и достоинство ги носат, покажувајќи дека изборот на својата работа е лична одлука“, се вели во соопштението од организаторите.
Меѓународниот ден на сексуалните работници започнува да се слави 1975 година, на 2 јуни кога 100 сексуални работници ја Окупирале црквата Свети Низиер во Лион, Франција. На овој ден групата на сексуални работници за прв пат колективно го побарале своето право за подобро живеење и работење. Овој настан е првата алка за започнување на меѓународно движење на сексуалните работници и борбата за остварувањето на нивните права. Од 1975 година па сè до денес насекаде во светот се одбележува Меѓународниот ден на сексуалните работници.Сите присутни на настанот, сексуалните работници, активистите, блиските семејства на сексуалните работници, пријателите, партнер(к)ите, ќе имаме можност да дадеме силна поддршка за остварување на нивните работнички, здравствени и социјални права.
Настанот е во организација на Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот и Коалиција Маргини.