Превкусни барови збогатени со ореви и темна чоколада, одличен избор од @lostinbaking за вкусен појадок или хранлива ужина во комбинација со кафе или чај.
Состојки:
– 115 гр. путер, омекнат
– 100 гр. кокосов или кафеав шеќер
– 3 лажици млеко по избор
– 1/2 лажичка сода бикарбона
– 1/4 лажичка сол
– 115 гр. брашно по избор
– 150 гр. овесни снегулки
– 100 гр. темна чоколада, крупно исецкана
– 80 гр. ореви, крупно исецкани
Подготовка:
Во сад го матиме омекнатиот путер заедно со шеќерот се до постигнување на кремаста конзистенција. Го додаваме млекото и матиме уште 30-тина секунди. Брашното, содата, солта и овесните снегулки ги додаваме во смесата и мешаме со шпатула до соединување. На крај ги вмешуваме оревите заедно со чоколадата. Смесата ја пренесуваме во калап за печење, обложен со хартија. Печеме 20 минути на 175 Целзиусови степени. По ладењето, со остар нож сечеме 16 еднакви барови.