Вашата компанија се занимава со подигање на долгогдишни насади за ароматични, лековити и зачинести растенија, како и производство на етерични масла од овие растенија Какви се климатските услови, постои ли поволна клима во нашата земја за ваков вид на насади ?
Лавита Агро е фамилијарна компанија чија примарна активност е органско одгледување на лековити и ароматични билки и производство на етерични масла од: лаванда, смиље и маточина кои се пласираат директно до компании од фармацевската, козметичката и прехрамбената индустрија, секако и за широка потрошувачка. По однос на вашето прашање би сакал да напоменам дека секоја билка и растениe има свои специфики и бара одредени услови за одгледување. Конкретно – лавандата преферира почви каде има високи температури, многу сонце, суви лета и влажни зими. Смиљето исто така бара многу сонце и песочна почва која не ја задржува влагата подолго време, па одтука смиљето и лавандата можеме да ги најдеме претежно во песочни и ридско- планински делови. Пределот во ние кој ги одгледуваме овие насади ги исполнува точно овие услови поради што квалитетот на билките и самите масла е на високо ниво.
Како се одвива самиот процес на дестилација на маслата?
За добивање на маслото користиме процес на дестилација. Тоа е процес во кој со помош на водена пареа се издвојува етеричното масло од цветовите на билките, а потоа мешавината на пареа и масло оди во процес на ладење. Сакам да напоменам дека за добивање на 1 литро етерично масло потебно е голема количина на свежо обран цвет. Пример цветот од смиље содржи многу малку етерично масло (помалку од 0,05%) па поради тоа потребно е повеќе од 1 тон свежо набран цвет за да се добие 1 килограм етерично масло што го прави самото масло да има висока цена. Самиот процес од одгледување на билките до берба и финално екстракција на маслото е доста макотрпен, но со протекувањето на првата капка од маслото радоста е неопислива со што на магичен начин се поврзуваш со природата.
Кои се придобивките за човечкото здравје од користење на маслата од лековити и зачински растенија како: лаванда, смиље, маточина и други?.
Кога зборувам за лаванда зборувам за нашиот тип “Лаванда Ангустофолиа” која уште е позната и како “Вистинска Лаванда”. Ова го напоменувам бидејки постојат преку 300 типови на лаванда но најголем дел од нив се украсни, индустриски и не се подобни за ароматерапија. Квалитетот на етериката на Ангустофолиата и нејзиниот состав е исклучително подобен за козметички и фармацевски цели, може да се користи и во прехрана но оваа примена кај нас е сèуште во подем. Инаку лавандата е една од најпознатите и најпопулатните билки во најголем дел од светот, а етеричното масло од лаванда е темел на кој е основана современата арома терапија. Лавандата има антибактерискo и антисепичко својствo, делува антиоксидативно, има седативно дејство, а исто така изразено делува на регенерација на кожа. Поради овие каратеристики, користењето на лавандата има многубројни придобивки – ублажува стрес, напнатост и главоболки и релаксира, го подобрува спиењето, помага за смирување на чувствителна кожа и убоди од инсекти, и заздравување на изгореници и рани. Лавандата е делотоворна за опуштање на мускулии ублажување на болки од удари. Еден интересен податок е дека уште во минатото со лаванда се стерилизирале површини и болничка опрема, а за време на колерата работниците кои користеле етерично масло од лаванда не биле погодени од лошата болест бидејки лавандата природно го стимулира имунолошкиот систем, кој потоа поефикасно го штити од напади на вируси и бактерии. Она што е специфично за етеричното масло од лаванда е дека е дозволено е да го користат мајките, трудниците, доилките, бебињата ( од 6 месеци натаму) и децата.
Смиљето пак е лековито растение со жолти ситни цветови, меѓу народот уште е познато и како “билка на бесмртноста” или “вечна” билка, а истата се користи во народната традиционална медицина за лечење на разни кожни заболувања, проблеми со дишни патишта, црн дроб и др. Во последните години етеричното масло од смиље во природната козметика се здоби со култен статус бидејки ја забрзува микроциркулацијата и детоксификацијата на кожата, ја зголемува продукцијата на колаген, силно ја регенерира и делува против брчки. Од научните истражувања се покажало дека оваа билка ги намалува длабочинските брчки и вкупната набраност на кожата. Поради регенеративната моќ смиљето помага за задравување на рани, изгореници, лузни и инфекции на кожата. А се користи и за чистење и смирување на иритации на кожата како акни, егзема, чешање, воспаление и сл. Освен за козметички цели маслото од смиље помага при настинки, кашлица и синусни инфекции, а поради високото ниво на кумарин и способноста за подобрена циркулација може да се користи како антикоагулант и за смалување на отоци, воспаленија, спортски повреди и воедно налување на болка. Апигенот од друга страна пак го прави смињето подобно за потикнување на работата на желудникот и цревата со што го забрзува метаболизмот и варењето и воедно допринесува за прочистување на црниот дроб, бубрезите и бешиката. Благодарение на специфичниот хемиски состав на смиљето, може да се користи за третирање на многу заболувања, но исто така и за превентива што го прави и доста актуелно последниов период додека се соочуваме со борбата како и со последиците кај личности позитивни на вирусот COVID 19. Има уште многу да се кажува за придобивките од употребата на етеричните масла од лаванда и смиље (од личното и искуство на другите) за кои просторот и времето не дозволуваат да се кажат, но затоа со нивното користење ке се осознаат.
Кои стандарди и процедури треба да се запазат за да се постигнат врвни резултати и најдобар квалитет на маслата?
За да се постигнат врвни резултати и најдобар квалитет на маслата битна е експертизата како и секој дел од процесот на производство почнувајки од семињата кои се користени за засадување на билките, нивното одгледување во текот на годината, до самата дестилација и пакување. Ние во нашата компанија се одлучивме за комплетно органско производство што започува со семенски сертифицирани семиња од кои понатаму се засадени билките. При самото одржување и одгледување на билките не се користат никакви хемиски препратати и додатоци на прихрана, Сè е природно. Плантажите се одгледуваат органски за што поседуваме органски сертификат од интернационалната компанија „Балкан Биосерт“. После екстракцијата, маслата се пакуваат без никакви додатоци. Етеричните масла се чисти, концетрирани и органски. На многу места се продава разредено или парфемирано масло како чисто есенцијално масла. Главната разлика помеѓу ваквите масла е присуството на вештачки супстанции. Чистите есенцијални масла не содржат разредувачи, вештачки синтетика и алкохол. И поради нивната јачина не смеат да се користат неразредени. Синтетичките или разредени масла се релативно поевтини по цена во споредба со органските есенцијалните масла и дефинитивно не даваат никакви терапевтски придобивки во споредба со чистите органски есенцијални масла. Сакам да напоменам дека само природните компоненти на секој производ се гаранција за здравјето. Органското производство го отежнува самиот процес, но затоа пак допринесува до врвен квалитет на маслата и многубројни придобивки од истите.
Ароматерапијата во буквален превод значи лекување со мириси. Кои се другите бенефити од редовно користење на овој метод?
Да точно така. Ароматерапијата e форма на алтернативната медицина која користи етерични масла, со цел да го промени мислењето, расположението, спознавачките способности и здравјето на една личност. Придобивките од редовното користење на овој метод се големи. На пример, преку ширење низ воздухот на етеричните масла се добиваат еколошки мириси и се прочисува возухот. Од друга страна пак преку масажи, купки, терапевтска нега на кожата како и директна инхалација на маслата се убажуваат болки, се намалува вознемиреноста, се зголемува енергијата, се подобрува меморијата, опушта па дури спречува опаѓање на косата, намалување на егземите и др.Тоа е една варијанта на превенција да не дојде до одредени заболувања и му помага на телото да најде природен начин да се излекува и да го подобри имунитетот.
Кои се идните планови на вашата компанија?
Нашата компанија Лавита Агро макотрпно вложува енергија и средства за проширување на нашето производство со цел продажба на висококвалитетни органски производи за конзумација. Веќе стартувавме и со органски овес, а секако со план и за останати типови како на билки, така и житарки, пратејќи ги трендовите и новините во органскиот и земјоделскиот сектор