Режисерот Квентин Тарантино како што пренесува The Hollywood Reporter го подготвува својот десетти филм, за кој како што има кажано во минатото ќе биде последен. Со години, Оскаровецот Тарантино изразувал желба да го достигне врвот на својата кариера, велејќи дека многу познати режисери го губат својот сјај подоцна во животот. Сепак, не се споменува пензионирање, а додека ја промовираше минатата година книгата „Cinema Speculation“ откри планови за снимање на телевизиска серија.
Според извори на THR, режисерот позади познатиот Pulp Fiction се подготвува да покани неколку продукциски куќи за да го прочитаат сценариото во тајност и дека бара договор сличен како за Once Upon A Time in Hollywood со премиера во кино салите и сопственост на авторските права врз филмот.
Филмот наводно ќе се вика The Movie Critic, но засега е само работен наслов. Се фокусира околу главна женска улога и можно е да биде базиран на животот на познатата филмска критичарка Полин Кејл.