Неодамна во парфимеријата „Еликсир“ се одржа настан, што прилегаше на светските промоции на козметички производи и за момент беше доловен мирисот и гламурот на најпознатите градови во светот. Поводот за овој настан беше промоција на парфемот Oud Save The King од брендот Atkinsons1799, воедно и запознавање на македонската јавност со брендот.
Во 1799 година James Atkinsons ја отворил својата прва продавница за сапуни и парфеми во Лондон. Колку неговата кариера тргнала во нагорна линија покажува фактот што во 1826 година, тој бил именуван за личен парфумер на кралското семејство. Од тогаш па до денес брендот позади себе има повеќе од 70 парфеми за мажи и жени, повеќе од милион клиенти и претставува синоним за луксуз, елеганција и добар вкус. На присутните им се обрати Клаудија Крезиќ, тренер во „Мартимекс“ за парфеми која изјави:
-„Овој парфем е инспириран од Гертруда Бел, англиски археолог и шпион, и токму како неа тој е женствен и интригантно заводлив. Овој парфем преставува беспрекорна мешавина на цветни ноти, со елегантна, зачинско-дрвенеста нишка. Овој парфем зрачи со ориентална мистичност, и ја раскажува приказната за страста и возбудата кај забранетата љубов“.
На настанот беше промовиран уште еден бренд од широката палета брендови на застапникот „Мартимекс“ , а тоа е францускиот бренд Eisenberg Paris, кој има производи за нега на лице, на тело, шминки и парфеми.
Широкиот асортиман производи од овие два бренда, може да ги најдете во ланецот парфимерии на Еликсир.