Задоволство ни е да ви соопштиме дека после точно 4 години, Фанк Шуи се враќаат со самостоен концерт, на 31ви март во Денсинг салата на МКЦ!
Овој концерт воедно претставува и промоција на долгоочекуваниот трет студиски албум насловен “Никогаш Пак”, во кој се наоѓаат добро познатите хитови “Крик” “Метеори”, “Ветер”, “Не Време”.
Фанк Шуи најавуваат концерт од час и половина во кој покрај селекција од нивните веќе добро познати минати изданија, за прв пат во целост ќе го изведат и новиот албум.
Влезниците за концертот ќе бидат во продажба од вторник (7ти март) од 10 часот наутро, онлајн на bileti.mkc.mk , како и на билетарницата на МКЦ.
Првите 100 билети – по цена од 300 ден,
останатите – 400 ден,
a на денот на концертот – 500ден
Funk Shui штотуку се вратија од мини европска турнеја во која во во изминатава година оддржаа концерти во Лондон, Ливерпул, Виена, Берлин, Ајндховен, Варшава, Краков, Гронинген, како и 10тина концерти низ Балканот.
Со позитивните импресии од регионот и пошироко се потврди дека бендот од Скопје успешно ги надминува јазичните бариери во пренесување на музичката порака.
Event: www.facebook.com/events/866516097778922
Во изминатите неколку години, Фанк Шуи бројат повеќе видео награди и признанија за спотовите за “Метеори”, ”Ветер” и “Не Време”, како и многубројни номинации од страна на етаблираните AWMA 2021, HEMI Awards, WMA 2022, Balkan Rock, Музика ХР и др.