Базирано на сонот на Даниел Сваровски да создаде дијаманти за секоја жена, „Науката на елеганцијата“ овозможува несекојдневен изглед преку уникатни и несекојдневни дизајни. Сваровски 125 години има моќ постојано да се трансформира и обновува,но останувајќи верен на својот идентитет. Познат по своите беспрекорни идеи кои блескаат во светот на модата, науката, забавата, Сваровски влегува во една нова ера со нова визија.
„’Разбуди ги твоите соништа’ е новото мото во светот на Сваровски во кој оживува фантастичната лабараторија на чудата. Вака нашиот креативен директор Giovanna Engelbert го создава новиот модерно-кристален начин на живеење, како работилница отворена за сите форми на креативност, повикувајќи не сите нас да ја покажеме својата уникатност и да учествуваме во создавањето на безбројни можности.Првиот приказ на лабараторијата на чудата оживува во првата колекција на Giovanna, Колекција број Еден“, велат од Сваровски.
Giovanna Engelbert вели дека првите скици на Даниел Сваровски биле крајната инспирација за неа бидејќи ја открила магијата на неговите први пронајдоци и ја разбрала динамиката на неговиот сон да создаде нешто невидено за луѓето.
„Сакав да експериментирам со основната геометрија на кристалот,неговиот потенцијал како материјал. Додека одам низ своето креативно патување, ја ценам моќта на накитот да се трансформира и сакав да создадам парчиња и визија за стил што и жените и мажите би можеле да го прифатат и да се чувствуваат пријатно со своето смело,посебно јас“, вели Giovanna Engelbert.
Лабараторијата на чудата на Сваровски ја започнува својата работа со отварање на 28 продавници на клучни глобални локации. Почнувајќи од Галерија Милано на 23 февруари 2021 година, ќе се отворат уште 27 продавници во Северна Америка, Европа, Азија како и нови локации во Париз и Њујорк. Продавниците имаат за цел да го остварат сечиј сон, исполнети со цел спектар на бои, индивидуални предмети, накит, часовници,фигури и модни додатоци.
Новата колекција на Сваровски можете да ја најдете во продажните салони низ Скопје и Тетово или на www.royalhouse.mk.