Новата книжарница во Пекинг „Џонгшу“ која е лоцирана во стоковната куќа Galeries Lafayette е многу интересен пример за комерцијална архитектура и внатрешен дизајн инспириран од кинеската архитектура. Се простира на 1.100 квадратни метри и има пет простори, концептуален простор, културен и креативен простор, простор за учење, детско катче и кафуле.
Карактеристично за концептуалниот простор се тунелите кои служат за одвојување на собите и како ходници кои ги насочуваат посетителите. Различната висина на тунелите постигната со скали и огледалата на ѕидовите даваат впечаток на лебдење во воздух и ги претставуваат „Портите на Месечината“, класични отвори во ѕидовите во традиционалните кинески градини.
Проектот, дизајниран од судиото X+ Living, ја преведува традицијата на кинеските градини која продолжува во креативниот оддел каде доминатна тема се бамбусовите шуми, каде дрвените гранки се симплифицирани за да го олеснат движењето и прегледноста. Одделот за учење и концентрација е елегантен со симетричен централен дел, дрвени маси, клупи и каучи кои се осветлени од долги лустери и со осветлувачки ѕидови кои го одвојуваат просторот.
Рекреативниот дел за децата е во светли бои и фигури за да ја поттикне детската имагинација, а кафулето има маси и столици кои се наместени исто како во познатата кинеско уметничко дело Qu Shui Liu Shang во кое група на луѓе се собрани околу река. Формата и сликата во кафулето која се добива откако сите места ќе се пополнат е иста како ликовите во сликата.