Македонската филмска режисерка Ана Јакимска на „Кикстартер“ се обидува да ја надополни потребната сума за краткиот филм „Нема духови во туѓина“, што во мај треба да го снима во Лондон. Јакимска, која го сними пред неколку години краткиот филм „Ќе дојдат децата“, е и автор на сценариото на „Нема духови во туѓина“. Таа од лани живее во Лондон каде е дел од магистерски студии по режија на игран филм на Универзитетот „Голдсмитс“ во Лондон. Во декември учествувала на јавен пичинг за краток филм при универзитетот. Буџетот потребен за Јакимска во Лондон да го сними филмот инспириран од македонскиот фолклор, изнесува најмалку 10.000 фунти. За да ја надоместат разликата што им недостига, со тимот отвориле кампања на „Кикстартер“.
Приказната ја следи фотографката Кира која за првпат во животот доаѓа во родното село на нејзините родители во Македонија со цел да направи проект со локалните жени за којшто се надева ќе и донесе слава во уметничкиот свет во Лондон. Но, ништо не оди по планот и Кира набрзо сфаќа дека нејзините дејства имаат последици. Приказната е македонска и е инспирирана од македонскиот фолклор. Во филмот ќе се зборува на македонски и на англиски. Жанрот на филмот е сатира со хорор елементи инспирирани од македонскиот фолклор.
Иако филмот ќе се снима во Англија, приказната е македонска – најголем креативен предизвик за интернационалната екипа што работи на овој филм е сценографското создавање на Македонија во Лондон. За да може да се направи овој амбициозен филм, на екипата сè уште и фали значаен дел од буџетот. За да ја надоместат разликата, со продуцентскиот тим од Голдсмитс започнаа јавна Кикстартер кампања.
Видеото за кампањата погледнете го тука.