TCL е водечки светски технолошки бренд со широк асортиман на производи, кој е основан во 1981 година и кој оперира со своите производствени и R&D центри низ целиот свет и нуди производи и услуги во повеќе од 160 земји. За предизвиците и пласманот на македонскиот пазар разговаравме со Јосип Штулац Радиќ, регионален директор на TCL „Адријатик“.
Вие сте регионален директор на TCL „Адријатик“, што значи дека сте одговорни за повеќе пазари. Колку сте задоволни од развојот на брендот во овие области и како го карактеризиравте оваа година?
Јас и мојот тим оваа година требаше да задоволиме многу високи очекувања. Во целото тоа „патување“, секој од седумте пазари имаше свои предизвици, но среќен сум да кажам дека многу сум задоволен со резултатите. Првенствено, среќен сум што толку многу клиенти го наградија нашето напорно работење и го избраа TCL како бренд што го преферираат. Сметам дека од тоа нема поголем знак што покажува дека сме на вистинскиот пат. Сепак, има уште многу да се направи, имаме и силни конкуренти со кои треба да се натпреваруваме, па нашиот троцифрен регионален пораст што го обележа оваа година не е време за одмор или забавување, туку време за уште понапорна работа. Сакам да ја искористам оваа пригода да му се заблагодарам на мојот тим, кој расте и се развива, како и на партнерите за одличните резултати и поддршка.
TCL е мултинационална компанија за електроника која повеќе од 40 години е лидер во индустријата на електрониката. Кој е вашиот фокус на работа за следната година и кои се приоритетите на компанијата?
Следната година ќе биде уште еден важен и голем предизвик за нас. Ќе воведеме нови групи производи во регионот, вклучувајќи монитори, апарати за домаќинство и продукти за климатизација. Главната цел е да им обезбедиме на клиентите широк спектар на висококвалитетни конкурентни производи, со што ќе ги покриеме потребите на секој дом. Дополнително, во 2024 година, следејќи го нашиот силен раст, планираме да ја прошириме нашата регионална екипа уште повеќе, за да продолжиме да ги задоволуваме потребите на нашите клиенти.
Во 2020 година, TCL воведе иновативна технологија за дисплеи позната како TCL NXTAPER, карактеризирана со намалувањето на сината светлина и способностите за одблесок, со цел да го подобри визуелниот комфор. Каква иновација се бара, во кои уреди се користи и кои се предностите од нејзината имплементација?
Технологијата TCL NXTPAPER ја користи целиот спектар производи за подобрен визуелен комфор и полесно гледање, со значително отстранување на штетната сина светлина на хардверски ниво, со задржување на природната тоналност на бојата. Тоа е уште еден доказ за посветеноста на TCL кон иновацијата и силната желба за подобрување на искуството на клиентите.
Како ги приспособувате понудите на ТВ-производи за одреден пазар и кои се најважните потреби на вашите клиенти?
Секој пазар, со своите специфични трендови и преференции, бара индивидуален пристап и стратегија. За среќа, TCL линијата на ТВ-производи со своето разновидност и широк спектар лесно може да го задоволи секое барање на пазарот и клиентот. Нудиме сè, од 32” Full-HD Android производи до 115” 8K Mini-LED Google ТВ, покривајќи ги сите потреби, без разлика дали сте обичен корисник на ТВ или пасиониран љубител на филмови. Многу сум горд да истакнам дека R&D е основата на нашиот бизнис, а ние сме првенствено иновативна производствена компанија со многубројни високотехнолошки решенија за поголемо задоволство и подобро искуство на клиентите. „Red Dot“, „Eisa“ и многу други награди што ги освоивме ја покажуваат нашата посветеност кон неуморниот развој на производите. Квалитетот на производите е дополнителна вредност што нашите клиенти ја ценат, а ние го потврдуваме тоа со промоции за продолжена гаранција што дополнително ја покажува нашата доверба во квалитетот на производите што ги продаваме.
Кои се плановите за промовирање на брендот TCL конкретно на македонскиот пазар?
Постојано сме активни со разни ATL и BTL промоции на македонскиот пазар. Сметаме дека тоа е најефикасниот начин да ги пренесеме вредностите на нашиот бренд и супериорното искуство со продуктите до нашите клиенти. Верувам дека тоа е критичен елемент за осигурување на преференциите на брендот и продуктот кај клиентите, па затоа планираме само да зголемиме присуството на TCL во медиумите. Дополнително, за да го поддржиме квалитетот на нашиот бренд, ќе продолжиме да нудиме продолжена гаранција за избраниот асортиман на ТВ.