Les Animaux Sauvages e електро/минимал-поствејв/пост-панк проект на музичарите Иво Стојадинов и Насо Русков, членови на иконската андерграунд група ,,Babyface Clan“ од Софија, и Сибила Серафим. Песната ,,Nick the Gimp“, чиј спот е во режија на македонскиот режисер Ханис Багашов, е дел од новиот албум кој излегува месецов.
„Спотот е во продукција на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија, затоа што беше и испитна задача по музички спот за мене и поголемиот дел од екипата. На почеток на годинава требаше да изберам артист/бенд. Една вечер, мојата многу блиска другарка Калина, ми ги предложи и ме поврза со Les Animaux Sauvages. Го слушнав новиот албум кој беше веќе готов и ми се допадна песната ,,Nick the Gimp“ за спот. Тие дадоа целосна слобода за концептот. Јас веднаш напишав кратко сценарио и за брзо почнавме со снимање. Снимањето се одвиваше во јануари годинава, на -13 степени, во Софија. Освен мене од Македонија, дел од проектот беше и графичката дизајнерка Софија Цветковиќ, која го изработи типографскиот дизајн“, ни раскажа Багашов.
Во прилог погледнете го Behind the scenes видеoто и целиот спот за „Nick the Gimp“.
Режија: Ханис Багашов
Камера: Здравко Менчев
Монтажа: Иван Златев
Продуценти: Добриана Јорданова, Нура Ал Кадри