Неодамна во трговскиот центар Ист Гејт Мол, започна со работа ,,Galeria Collarette” концепт студио за ирис фотографија, каде посетителите можатда добијат фотографија од ирисот на своето око. Зад овој интересен концепт, кој е уште една потврда дека сите сме различни и уникатни стојат двајца креативци Антонио Станков и Давид Додевски.
„Galeria Collaratte“ е студио со многу интересен концепт, каде луѓето можат да доаѓаат и да си го фотографираат својот ирис од окото. Како дојдовте до оваа идеја и колку време работите на овој проект?
– Првичната идеја за овој проект потекнува од популарниот филм “I Origin”. Потоа со детално проучување во оваа област увидовме дека успешно функционираат проекти со сличен концепт во западноевропсските земји. По околу пола година истражување и усовршување на ова поле успеавме да ја отвориме првата концепт галерија за изработување на ирис фотографија, во регионот.
Карактеристично е што секој човек има единствен и уникатен ирис и тој е симбол на единственоста и посебноста на секоја едника. На кој принцип се врши фотографирањето и кои техники се користат?
– Во однос на техниката се користи макро фотографија, познат кај повеќето од нас и по макро камерите кои ги имавме на телефоните. Со оваа техника се овозможува да се направи фотографија, да ја видиме од близу вистинската текстура, форма и боја на нештата кои со нормално гледање не ги забележуваме на ист начин. Па така секој од нас ја има можноста да ја види убавината на најспецифичниот дел од самиот себе кој е единствен и уникатен.
Како точно изгледа постапката на фотографирање на ирисот?
– Процесот на фотографирање трае многу кратко, а целата постапка до финален производ 15тина минути. Најпрво се прави фотографија на окото, потоа се обработува фотографијата со финалниот дизајн кој го избира купувачот, следува принт и врамување на ирис фотографијата. Купувачот добива и сертификат за автентичност, кој ја гарантира оригиналноста на делото направено во нашата галерија.
Овој концепт нуди уникатни подароци и изработка на различни фотографии. Каков вид на понуди и креативни решенија може да се најдат во „Галерија Коларете“?
– Нашата палета на понуда е доста голема и нудиме можност на повеќе комбинации, како дизајн на 2 ириса на една фотографија за парови, партнери, другари, брат и сестра.. Фамилијарни ирис фотографии направени од еден до пет ириса со различен дизајн на една фотографија во разлилни големини.
Интересно подарок решение кое ние го нудиме е “Подарок сертификат”, кој купувачите можат да го подарат на својата драга личност.
Покрај ова, промоција за месецот на жената е персонализација на фотографиите односно членовите на едно семејство ќе имаат прилика да направат фотографија во нашата галерија и притоа се додаде текстуална назнака дека фотографијата е уникатен подарок. (мајка, тетка, баба..)
Антонио вие се занимавте со фотографија и позади вас имате низа успешни и креативни проекти. На кои професионални предизвици ќе бидете фокусирани оваа година?
– Токму така, веќе подолго време се занимавам со модна и портрет, студиска фотографија. Оваа година секако ќе работиме на развивање на гореспомнатиот проект и надвор од нашите граници. Покрај тоа, се враќам на моето секојдневие, периодов работам на неколку нови модни кампањи и едиторијали за претстојната сезона.