Фотографот Марк О’Нил на своето патување низ земјите од поранешна Југославија фотографирал голем број споменици од бруталистичката архитектура позната за овие простори. Со уникатна форма, големина и текстура ја претставуваат природата на скршениот сон, а имагинацијата ги става овие споменици на исто ниво со оние од античкото време. Секој од нив има заднина и приказна најчесто поврзана со војните во овие држави, настани толку тешки што е невозможно да се заборават. Брутализмот е еден од најомразените правци во архитектурата на 20 век. Но, голем број архитекти и љубители на архитектурата сакаат да ги спасат ваквите објекти од уривање. Југословенската бруталистичка архитектура минатата година беше и повод за изложбата „Кон бетонската утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“ со која југословенскиот брутализам по првпат беше презентиран во САД во Музејот на современа уметност во Њујорк. Подолу погледнете ги фотографиите на Марк О’Нил за кои се користени разни форми на осветлување за да се добијат вакви ефекти.
Попина, Србија
Тјентиште, Босна и Херцеговина
Подгарич, Хрватска
Петрова Гора, Хрватска
Јасеновац, Хрватска
Космај, Србија
Шушњар, Босна и Херцеговина
Јабука, Србија
Барутана, Црна Гора
Грмеч, Босна и Херцеговина
Трибаљ, Хрватска
Глигино Брдо, Босна и Херцеговина