Издавачката куќа Темплум објави дека е издадена мала збирка на „феминистички народни песни“ илустрирана од три сјајни уметници.
„Со неа сакаме низ внимателни слики да претставиме дваесетина посебни, необични, интригантни „женски песни“ од народното ворештво. Избирајќи три различни уметници и три различни ликовни приоди токму сакаме да укажеме на разноликоста на темата со која се занимаваме, создавајќи предизвикувачки споеви и контрапункти ем меѓу различни ракописи, ем меѓу два медиума – книжевноста и сликарството. Оти, како што велеше Вилијам Блејк: противставеноста е вистинско пријателство“, се вели во објавата на издавачката куќа.
Илустраторки: Маја Стефановска, Душица Димитровска, Будимка Поповска
Уредник: Никола Гелевски
Едиција: „Старо купувам“