Патувањата како дел од нашиот животен стил во нас будат почит за различни култури, емпатија и ја јакнат нашата глобална свест, односно ни покажуваат дека ние како единки сме дел од една многу поголема слика. Со запознавањето различни средини и системи на верување или, пак, различни начини на живот, се развива почит кон културната различност и во нас се засилува поинклузивен поглед на светот.
Ако овој текст е знак дека треба повеќе да патувате или ако патувањата веќе се значаен дел од вашиот животен стил, тогаш Matercard World Debit, платежната картичка на Халкбанк, е вистинско, премиум решение за вашите плаќања во странство зашто нуди низа бенефити и може да ги исполни целосно вашите очекувања за комфорно патување. Од моментот кога ќе стапнете на аеродром оваа платежна картичка ќе отвори едно сосема ниво на удобност и луксуз. Matercard World Debit картичката е наменета за физички лица со редовни месечни примања кои се приматели на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје.
Оваа картичка се печати на пластика која се рециклира и е со уникатен дизајн, на неа е прикажано движењето на балканскиот рис, кој е национален симбол на државата. Корисникот на ваков вид картичка добива СМС-инфо без надомест, информација за секоја трансакција и состојба на сметка, електронско и мобилно банкарство и истата е без еднократен надомест и без надомест за месечно одржување, како и без надомест за повлекување средства од сите банкомати во земјава. Кога корисникот ќе ја добие оваа картичка, станува дел од програмата Lounge Key, со која добива бесплатен пристап во ВИП-салоните на аеродромите во Скопје, Белград, Виена, Софија и Истанбул, кои се најчесто користени трансфер-аеродроми за поврзување на меѓународните летови. Оваа платежна картичка нуди поволности и за луѓето што патуваат со возило, односно корисниците бесплатно ја добиваат услугата асистенција на пат-пакет Европа од Халк осигурување која е многу значајна за сите оние што патуваат со возило.
Ние поразговаравме со неколку инспиративни соговорници на кои патувањата им се речиси секојдневие, голем значаен дел од нивните животи, и кои зад себе имаат големо искуство, за нивните предизвици и патешествија. Уживајте во нивните раскажувања за егзотични дестинации, разбудете го патникот во вас и редефинирајте ги патувањата со Mastercard World Debit од Халкбанк.
Ве опишуваат како авантурист и трагач по добри приказни, а несомнено сте и светски патник кој има поминато многу километри. Како би ја опишале Вашата пасија за патување?
Како постојана жед или како простор кој постојано се проширува и менува. Отсекогаш сакав да знам што се наоѓа зад далечните хоризонти, како живеат луѓето на различни страни на светот, кои навики и приоритети ги имаат во животот. Патувањето за мене претставува и постојано трагање. Си велев, колку подалеку одев во светот, толку подлабоко нурнував во себеси. Сето тоа искуство што го имам доживеано низ европските земји, низ Јордан, Мексико, Малдиви, Занзибар, ми ги доближи различностите на светот. Пасијата за патување со годините се менуваше и добиваше поинакво значење. Сега една година сум стациониран во Брисел, но имав потреба да здивнам на едно место. Знам дека патувањата многу наскоро повторно ќе дојдат на мојот дневен репертоар. Сигурно ќе бидат поразлични од претходните, но барем како и секогаш, ќе водат некаде.
Сте патувале на различни начини и со различни превозни средства. Постои ли некоја дестинација или конкретно патување што најдлабоко Ве допрело или променило?
Ќе ги издвојам Малдиви и Занзибар. И на двете дестинации имам живеено по четири месеци. Малдиви ми го отвори светот на океанот, постојаните нуркања, пливање со желки, делфини, ајкули, ражи… Палење логорски оган и пеење за време на зајдисонце, живеење на остров кој за 20 минути можеш да го испешачиш целиот, но токму во тој микросвет постоеја многу работи што можеа да се научат. Од друга страна, Занзибар беше само продолжување на приказната и лично да засведочам како е да се биде островјанин, на еден начин „отсечен“ од светот.
Авантуристичкиот дух постојано Ве води во нови патувачки мисии. На кој начин се подготвувате и како ги собирате потребните информации за целото патување?
Некогаш отворените патишта сами ме водеа низ светот, но во последно време имам потреба подлабоко да се сплотам со местото што го посетувам. Затоа најмногу сакам информациите за конкретна дестинација да ги извлечам од личност што веќе ја има посетено и преку разговор да проценам дали тоа место е доволно инспиративно за овој период од мојот животот.
Што, според Вас, претставува комфорно и лежерно патување?
Кога веќе однапред знам како ќе ми изгледа следниот ден. Но, понекогаш токму комфорните патувања знаат да се претворат во најавантуристички. Секако, ако дозволиме тоа да ни се случи! Искрено, не сум навикнат да се препуштам на истата рутина и намерно да му бегам на непознатото. Дури ако веќе се најдам во таква ситуација, гледам никогаш да не одам по истите улици зашто верувам дека зад секој нов агол се крие некоја потенцијална авантура.
Често истакнувате дека низ многуте Ваши патувања имате можност да запознаете различни луѓе што Ве фасцинираат и со кои разменувате животни искуства. Која друга култура најмногу Ве фасцинирала досега и што сте научиле од неа?
Занзибар беше добра лекција, а локалците беа мудрост сами по себе! Кога ќе бидеш свесен за сета бедотија и сиромаштија што постои во светот, биди среќен со тоа што го имаш и таму каде што си. Најчесто имаме многу повеќе отколку што ни е навистина потребно! Како и да е, кога ќе го преработиш целото искуство што го имаш стекнато низ годините, знаеш дека уште многу работи треба да се откријат. И токму тие се клучните моменти за почеток на некое ново авантуристичко патување.