Divine Farms, овоштарник кој се наоѓа во Љубаништа, Охрид, поддржан од неколку локални бизниси и јавно претпријатие, на 15 мај организираа акција за чистење на брегот на Охридското Езеро.
Еколошката акција опфати чистење на брегот на езерото од сливот на реката Черава, која дотекува од Албанија и се влева во Охридското езеро, до манастирот Св.Наум.
За само неколку часа 30-тина волонтери, меѓу кои и деца, собраа 220 вреќи со отпад. Организаторите веќе ги планираат и следните слични еколошки акции во околината.
Многупати досега од различни организации и еко-активисти објавуваа дека брегот на Охридското езеро секоја година, особено околу сливот на реката Черава, е полн со отпад, најмногу пластичен и апелираа да се решава овој проблем.