Самостојната изложба Effortless (Природно) на Јана Луловска содржи дигитални слики кои постојат во еден простор во којшто флуидноста и течението не се само естетски квалитети, туку се најважни за самата природа на уметничкото дело. Во Effortless Луловска употребува дигитални алатки за да ги надмине традиционалните ограничувања, создавајќи при тоа еден флуиден, неограничен визуелен простор каде уметноста не е прицврстена во рамките на својот медиум.
Во светот со брзо темпо, нејзините дела го повикуваат гледачот да ја доживее флуидноста на самиот дигитален медиум, нудејќи еден миг на спокојство, рефлексија и размислување. Изложбата Effortless е инспирирана од движењето Флуксус, и со една убавина и грациозност го втемелува природниот тек на настаните и нашите одлуки и избори, трансформирајќи ги секојдневните предизвици во спокојни и трансцедентни мигови на едноставност.
Effortless на Луловска преоѓа во многу повеќе од една збирка на дигитални слики; тоа е манифест за нов начин на согледување и создавање. Со прифаќање на флуидноста и во концептот и во медиумот, нејзините дела нудат визија за уметност која е неограничена, постојано менлива и која длабоко резонира со комплексноста на современиот живот. Делата служат за потсетник дека и покрај предизвиците во секојдневниот живот, постои убавина која може да се најде во течението, во флуидноста, во природните транзиции кои го дефинираат нашето постоење.
Лазе Трипков, куратор
Изложбата Effortless ќе се отвори на 28-ми ноември во 19 часот во Кинотека на Република Северна Македонија и ќе биде отворена за јавноста од 28-ми ноември до 8- ми декември 2024 година.
Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, Град Скопје, Културно Информативен Центар – Скопје, општина Карпош, Кинотека на Република Северна Македонија, Венец Винарија и Тапас Бар Трн.
Јана Луловска е интердисциплинарен уметник од “средната” генерација, чијашто работа опфаќа фотографија, сликарство, графика и инсталација, а навлегува и во експериментален филм, видео уметност, анимација и дизајн. Дипломирала на Националната академија за театарска и филмска уметност „Крастио Сарафов“, Софија, Бугарија. Луловска е член на Друштво на ликовни уметници на Северна Македонија. Таа бележи исклучително обемно и богато искуство на изложби, како во Северна Македонија, така и во САД и Европа, а нејзините дела се дел од бројни колекции и меѓународни публикации.
Јана Луловска е интердисциплинарен уметник чиј еклектичен и динамичен пристап ја разгорува љубопитноста, ги предизвикува перцепциите и нормите, и инспирира позитивнa променa со истражување на пресеците на трансформативната моќ на уметноста, науката и човештвото. Се занимава првенствено во фотографија, сликарство, графика и инсталација, но и со експериментален филм, видео-уметност, анимација и дизајн. Дипломирала на Националната академија за театарска и филмска уметност „Крастио Сарафов“, Софија, Бугарија.
Уметничкото патување на Јана е обележано со културно истражување и интелектуален дискурс, со проекти кои имаат за цел да инспирираат позитивни промени и да ги оспорат однапред смислените сфаќања. Таа ја користи уметноста како платформа за стимулација, едукација и терапија, поканувајќи ги гледачите да размислуваат за своето место во разновиден свет. Во суштина, нејзината работа е доказ за нејзиното верување во трансформативната моќ на уметноста, инспирајќи свесност, исцелување, емпатија и разбирање. Преку својата работа таа се фокусира на темите: човечката состојба, феминизам, природа и екологија, време и движење.
Луловска претставила самостојни и групни изложби во Северна Македонија, САД, Франција, Белгија, Италија, Хрватска, Грција итн. Учествувала на повеќе меѓународни резиденции, уметнички и филмски работилници. Уметничките дела на Луловска се во колекции во Северна Македонија, Италија, Германија и Бугарија.
Луловска е член на Друштво на ликовни уметници на Македонија. Живее и работи во Скопје, Северна Македонија.