Овој викенд имаме најава за супер журка, со која ќе се обележи една година од постоењето на Dread Space, простор што е многу повеќе од дизајнерска, концепт продавница, тоа е место каде се разменува креативна енергија, се инспирираат нови, млади артисти и се слави убавината на уникатноста. Ви ја пренесуваме нивната покана, со повик за креативна дружба и добра забава:
-Yo!
Не ни се верува дека пројде една година постоење на Dread Space во космосот. И како се ближи времето да го прославиме првиот роденден на Dread Space се сме повозбудени. Местото кое спојува култура на уметност, патики, графити и облека. Тука го оживуваме духот на улицата, и полека стана место каде уметноста цвета, а креативноста тече. За да ја одбележиме оваа прилика, правиме дроп на нова колекција (Basic Essentials) која е едноставно 🔥 (fire). Fresh from the oven! Taa смела и ќе ве издвои од толпата. И да, нудиме неколку луди зделки што нема да сакате да ги пропуштите. Како надополнување на сè, нашиот Soul Brother Баже (Soulmental) ќе врти битови, а вие ќе пиете пиво. Лудница!
Епа, придружете ни се во Dread Space на 5ти мај и да го прославиме местото кое стана симбол на уличната култура. Да прославиме како да ни е роденден, затоа што е!
Bring a friend, tell a friend. 🦋✨
Заедно со Dreadpen ве покануваме во петок од 16:00 часот да ја погледнеме новата колекцијата на Dreadpen да прославиме вселенска продавница.
Фотограф: Ања Калин
Локација: DREAD SPACE
Адреса: Ленинова 50/5, 1000 Скопје