Скопскиот техно диџеј и продуцент, Горан Кан го претставува својот нов сингл и спот со име „Е“ во кој испорачува непрекината енергија преку главниот лик во видеото, актерот Тино Костадиновски. Актерот ја доживува скопската клупска култура и електронската музика на интензивен начин.
Од друга страна, се појавува стариот монолог на „Клаберот“ кој со свои зборови го опишува животот на клаберите во Скопје.
За спотот да изгледа фантастично, беа вклучени Кристијан Војдановски како директор на фотографија и Блаже Дулев кој е одговорен за монтажата, совршено спојувајќи ги сцените и кадрите за да создаде динамичност во видеото.
Уживајте.