Светскиот бренд Foreo, кој нуди примена на висока технологија во негата на лицето во домашни услови, од неодамна е достапен и кај нас. Поради тоа, поразговаравме со Ивона Савичевиќ, Foreo beauty едукатор за Балканот, која со нас ги сподели најважните работи за овој бренд.
Во изминативе девет години, уредите Foreo достигнаа вистинска револуција во домашната нега на лицето. Што мислите дека е нивната најголема предност?
Најголемата предност на овие уреди е тоа што за неколку минути користење во домашни услови постигнувате ефект на професионален третман. Современите животни трендови и брзиот начин на живот наметнуваат секојдневие со сè помалку време за одење во салони за убавина. Со уредите Foreo заштедувате време и пари. Нивното користење е многу едноставно. Се симнува апликацијата Foreo, каде што можете да најдете видеоснимки и во секое време да бидете сигурни дека ги користите правилно.
Во 2021 година, во секоја минута се продавало по три уреди Foreo, што навистина е импозантна статистика. Кои технологии ги користат овие уреди и како тие се одразуваат на кожата на лицето?
Foreo се пласираше како трет најпопуларен бренд за нега на кожата на лицето во светот и тоа не претставува изненадување со оглед на квалитетот и иновациите што ги нуди на пазарот. Сите уреди од овој бренд имаат T-sonic пулсации, чиешто редовно користење носи многу придобивки за кожата. Кај моделот Luna-3 овие пулсации помагаат порите да се одзатнат и со нивна помош сите нечистотии да излезат на површината на кожата, да се отстрани целиот слој на изумрени клетки, да се подобри циркулацијата, а како резултат на тоа кожата веднаш изгледа помлада и посјајна. Оваа технологија го прави овој модел многу поефективен од рачното миење на лицето, зашто отстранува 99,5% од насобраните нечистотии.
Притоа, морам да нагласам дека е многу нежна за користење, направена од медицински хипоалергенски материјал, без токсини и фталати. Моделот Luna-3 е отпорен на создавање бактерии на својата површина поради материјалот од кој е направен. Инаку, Нил Армстронг носел чизми на својата мисија на Месечината направени од овој материјал поради што и моделот го доби тоа име. Миењето со овој уред трае една минута, се полни еднаш годишно и нема заменски четки, што треба да се купуваат дополнително. Исто така, уредите UFO имаат светлосна ЛЕД-терапија, која се користи во дерматологијата за лекување на определени состојби на лицето како: акни, белези, разацеја, хиперпигментации и сл. Уредите UFO имаат и крио- и термотерапија. УФО-третманот трае 90 секунди, а на лицето му дава ефект на професионален третман. Многу светски познати личности пред битни настапи користат уреди Foreo, зашто даваат одлични резултати за кратко време. На пазарот исто така може да се сретне и моделот Foreo Bear, кој, иако е помлад уред од овој бренд, за кратко време стана многу популарен. Тој работи на микроструја, зајакнува и тренира повеќе од 65 мускули на лицето и на вратот. Покрај лифтинг, тој го зголемува производството на колаген, го масира лицето, ја смалува натеченоста, црните кругови под очите и ја подобрува апсорпцијата на препаратите што ги користиме за нега на лицето.
Кои козметички третмани ги заменуваат овие уреди?
Моделот Луна служи за длабоко чистење при миење и за масажи против стареење. Моделот UFO се користи за релаксирачките маски што се избираат по видот на кожата. Тој има и светлосна ЛЕД-терапија, па затоа може да се користи и за третирање акни. Моделот Iris е масажер за пределот околу очите, ја намалува натеченоста и подочниците. Моделот Bear се нарекува уште и јога за лице.
Производите на овој светски бренд од неодамна можат да се купат и во нашата земја. Како би го опишале брендот за тие што не го знаат и каде можат да се купат?
Сите уреди од овој бренд претставуваат иднина и ни покажуваат како да се грижиме за нашата кожа на еден револуционерен и паметен начин. Потполно се безбедни и сигурни за користење, се купуваат со гаранција од две години. Да имаш дома уред Foreo е исто како да имаш професионален козметичар дома на располагање во секое време. На македонскиот пазар можат да се најдат следниве модели на уреди: Luna-3, mini Luna-3, UFO, UFO-2, UFO mini, mini Bear, а наскоро и Luna-3 plus. Се продаваат и дополнителни гелови, пени, серуми и маски. Производите Foreo можат да се најдат во продажните салони на: „Нептун“ („Сити мол“, „Ист гејт“ и Аеродром), „Фабу Спот Мериот“, „Фабу Спот“ во „Ист Гејт“ и „Космо Тинекс“ – „Сити мол“. Ние сме тие што го креираме сопствениот изглед. Кожата ни е првиот показател колку внимание посветуваме на себе, па и колку се сакаме себеси. Кога сме задоволни од себе и од нашиот изглед тоа предизвикува безброј убави чувства и случувања околу нас.