Шетајќи низ било кој поголем град, ако се фокусирате на патната инфраструктура, може лесно да забележите дека градот си има свои хоризонтални ознаки вградени во улиците и тротоарите. Уште од 2006 година, овие симболи, ознаки и релјефи се инспирација за Emma-France Raff (Pirate Printer), која ги користи да создаде модни дизајни, од капаци на шахти, решетки и ознаки.
Главниот фокус е да се истражат површините на градовите, во потрага по занемарените, навидум незначајни детали на тротоарите и улиците, и излегоа дека се вистински урбани дизајни. Отпечатоците откриваат незаштитени делови од градови, исполнети со историја, разновидност и креативност. Целиот процес претставува претворање на детали од градот во слика, прикажана на нечии гради, како еден вид на улична мода.
Процесот на печатење функционира преку пресликување. На избраниот предмет/место се нанесува слој на еколошка (базирана на вода) боја на торба, маица или кошула и се притиска на нејзината површина. Засега, оваа улична облека има дизајни од Берлин, Амстердам, Лисабон и Париз, а Emma се надева дека ќе ја посети и Јапонија во блиска иднина, која е позната по своите сложени и уметнички дизајни на шахтите.