ApoXylo е одржлив бренд за рачно изработени чанти и модни додатоци, кои за својата изработка користат плута, ткаенини и дрво. Дизајните на овој бренд се класични и безвременски, а со купувањето чанта од овој бренд, покрај тоа што купувате одржливо, модно парче, истовремено се грижите за животната средина. За овој бренд разговаравме со Маја Коуфакис.
АpoXylo е одржлив бренд на рачно изработени чанти и модни додатоци, произведени од природни материјали добиени од плута и дрво. Како би го опишале брендот, кои се принципите по кои се води?
АpoXylo е бренд што создава еколошки рачно изработени чанти и накит што ја имаат природата и животната средина, со акцент на женската личност и нејзиниот елегантен секојдневен стил што вклучува природни материјали. Принципите по кои се водиме во градењето на нашата филозофија се: одржливост, иновација, квалитет, доверливост, одговорност кон животната средина.
Сè повеќе корпорации ги менуваат своите бренд-стратегии за да го намалат влијанието врз животната средина и да не бидат перципирани како загадувачи. Што е уникатно во пристапот на ApoXylo во креирањето на еко-колекциите?
Уникатноста на АpoXylo е во оптималниот избор на материјали што го ограничуваат влијанието на јаглеродниот отпечаток врз планетата. Концептот на брендот не вклучува користење кожа, а вклучува највисоки етички практики, во манир што е во исто време одговорен и кон општеството и животната средина, а сепак без да влијае врз стилот или дизајнот.
Кои материјали најчесто се користат при изработката на колекциите на АpoXylo?
АpoXylo изработува модни додатоци и накит од плута, која се добива од кората на дабови дрвја. Со методот на екстракција на кората не само што дрвото не се сече туку, напротив, со жнеењето на кората на секои десет години се продолжува животниот век на дрвото, овозможувајќи му да се регенерира. Дотолку повеќе што плутата е природен материјал на кој му е потребна минимална обработка. Другиот материјал е природно дрво од маслина, поточно од зреени корени на маслинови дрвја од областа Парос, кое хармонично го надополнува дизајнот на накитот, како и приказната во логото на АpoXylo.
Вашиот бренд е наменет за еко-свесните генерации чиј начин на живот и, општо, животната филозофија подразбира и силно индивидуално позитивно влијание врз околината и нејзиното зачувување. Што е актуелно во фокусот на брендот и кои се плановите за следната година?
Подобрувањето и развојот на брендот е секогаш примарна цел за нас, како одговор на нашата целна група – младите луѓе и нивната љубов и почит за животната средина. Тие се постојано во потрага по нови еколошки брендови, со кои ги делат истите еколошки етика и вредности. Колекцијата на чанти и накит постојано ќе се дополнува со нови идеи и материјали што повторно ја нагласуваат и ја поддржуваат т.н. одржливата „бавна мода“ како моден израз.
Како одржлив бренд ја промовирате и ја поддржувате филозофијата на „бавна мода“, која користи уникатни материјали директно од природата, без притоа да ѝ наштетат. Колку е големо значењето на овој тип брендови и колку е нивниот развој важен за животната средина?
Како дел од глобалната приказна, свесноста за животната средина и ефектите врз неа се императив за сите нас. Секојдневниот начин и ритам на живеење нè доведе до сериозна закана за иднината на планетата, така што потребата од нејзиното зачувување е сè поизразена секој ден. Модната филозофија што ја следиме, која се нарекува „бавна мода“, има цел да биде одржлива преку користење на природни материјали, додека во исто време ги следи природните процеси што диктира производството да биде бавно и селективно. Како одговор на потребата од итна акција, природните материјали што ги користиме осигуруваат одржливост и не претставуваат закана за животинскиот свет и природните баланс и добросостојба.
Вие сте иновативен бренд што споделува вредности со своите купувачи, воедно и едуцира за важноста од влијанието врз животната средина. Какви се реакциите и интересот на нашиот пазар? Како реагираат вашите купувачи на вашиот бренд?
Имено, тоа ни е целта – како одржлив бренд да придонесеме во промоција на „бавната мода“ како животен стил, но и како моден израз, за да им ја пренесеме на нашите идни фанови нашата филозофија и ултимативно, заедно да направиме позитивно влијание врз животната средина. За да ги поттикнеме нашите купувачи на долготраен ефект подготвивме промоција со која модните eко-фанови на ApoXylo добиваат промотивни 20% попуст со принципот „замена старо за ново“. Со приложување на стара чанта што понатаму ќе биде рециклирана, го добиваат овој симболичен попуст за нова чанта изработена од природни материјали. Ги покануваме сите што следат модни трендови да се запознаат со колекциите ApoXylo со класичниот и безвременски дизајн на линкот: https://eastgatemall.mk/en/brand/apoxylo/.