Освежителен пијалак со лимети и цреши
Додека температурите неуморно растат, најверојатно последното нешто што сакаме е да трошиме време затворени внатре во кујна и да готвиме. Сега е време да уживаме во топлите сончеви зраци и да се опуштиме, а додека го правиме тоа идеално е да имаме освежителен ладен пијалак во рака. 😉 Затоа овој рецепт е совршениот летен пијалак во кој загарантирано ќе уживате со семејството или пријателите. Потребни ви се само 5 состојки и 10 минути слободно време!
Состојки (за 4 лица):
- 250 г цреши (без семка)
- 4 мали лимети
- 1 л ладна вода
- 2 лажици мед или друг засладувач по ваш вкус
- мраз
Исчистените цреши ставете ги во блендер. Исцедете ги лиметите и додајте го сокот во блендерот. Додајте половина од водата, целиот мед и малку мраз и блендирајте додека се иситнат убаво црешите. Процедете го сокот низ цедалка, додајте го остатокот од водата и промешајте добро. Послужете го сокот во изладени чаши со уште малку мраз. Декорирајте со цреши и парчиња лимета. Уживајте! 😊