Хомер Симпсон како полека се враќа наназад во грмушка стана една од сцените од Симпсонови што дефинитивно ќе остане запишана во поп-културата. Адидас го овековечи моментот со новите Simpsons x Adidas Stan Smith патики.
Одата за Хомер мимот, Адидас ја направи на познатите бело-зелени патики од линијата, а мимот е дизајниран на задниот дел на патиката, кај стапалото. Името на Хомер Симпсон е испишано во златна боја до трите линии на патиката, додека на јазикот го има ликот на Хомер.
Познатиот гиф е од епизодата „Homer Loves Flanders“ (5 сезона, 16 епизода) кога неговиот сосед Нед Флендерс ќе го одбие Хомер за дружба. Патиките се пуштени во продажба на 18 август и чинат 120 долари.
Претходно во 2022, Адидас со Superstar ја креираше косата на Марџ Симпсон со мек материјал преку целите патики.