Чај што се вари додека сите уште спијат. Еден секојдневен гест во кој се препознава цела една нежност: некој станал порано, помислил на другите и се погрижил за нив. Токму во таквите моменти, тивки и навидум обични, живеат спомените што најдолго ги носиме со себе.
Со топла и носталгична семејна видео приказна, Алкалоид одбележува 90 години постоење во видео што ги поврзува минатото и сегашноста преку грижата, блискоста и довербата. Дел од јубилејната кампања, видеото потсетува на малите навики преку кои љубовта се покажува секојдневно и се пренесува од една генерација на друга.
Низ децениите, Алкалоид стана неодвоив дел од секојдневието на многу семејства. Неговите производи, од кои многу веќе имаат култен статус, се дел од домашните навики, малите ритуали и грижата за најблиските. Така, присуството на брендот се вплетува и во семејните спомени, создавајќи чувство на познатост и доверба што се пренесува низ генерациите.
Времињата се менуваат, децата растат и создаваат свои семејства, а познатите гестови добиваат нов живот. Она што некогаш сме го примале како грижа, со текот на годините учиме да го подаруваме. Во тоа препознавање лежи емотивната сила на приказната: во чувството дека дел од домот во кој сме пораснале продолжува да живее во домот што самите го создаваме.
Видеото е создадено во соработка со More Magnets d.o.o., продукциската куќа на Филип Филковиќ-Филац од Хрватска. Оригиналната јубилејна приказна ги доближува деветте децении на Алкалоид до личното и познатото, до семејните спомени и секојдневните моменти во кои довербата добива свое значење.
Со овој пристап, јубилејот станува повод да се погледне и кон она што продолжува: вредностите што ги усвојуваме, грижата што ја возвраќаме и блискоста што ја негуваме. Деведесет години се голема приказна, а нејзината човечка димензија најубаво се препознава во малите нешта што остануваат со нас.
Видеото е достапно на официјалните профили на Алкалоид на Facebook, Instagram и LinkedIn.
90 години Алкалоид. 90 години доверба. Една приказна што продолжува.




