Анја Марија Макеска работи на една од најамбициозните образовни мисии во регионот: Македонија да стане препознатлива по квалитетно, практично образование. Постојат брендови што продаваат производ. Постојат брендови што продаваат искуство. Но постојат и брендови што се обидуваат да направат промена. Brainster Group припаѓа токму на оваа категорија. Brainster Group е локална успешна приказна која започнува од една идеја на основачот Петар Ниновски: да изгради образование какво што тој самиот не можел да најде.


„Еден ден сакам да изградам образование какво што јас не можев да најдам,“ вели Ниновски.
По основањето на Brainster академиите во 2014 година, компанијата брзо прерасна во една од најголемите неформални образовни институции во Македонија. Во 2020 година, Brainster имаше 1250 запишани студенти, со што стана најголемата образовна институција во државата по број на запишани студенти. Мисијата на компанијата тогаш се менува, амбицијата за компанијата веќе ја надраснува успешната локалната приказна. Амбицијата денес е Македонија да стане препознатлива по квалитетно образование. Денес, Brainster Group стои зад три образовни бизниси: Brainster, Brainster Next College и NU High School Academy. Зад сите нив стои една јасна идеја: квалитетното образование не треба да биде привилегија на поголемите пазари, странските универзитети или државите од кои младите најчесто не се враќаат. Треба да може да се создаде и тука- во Македонија.


„Имаме репутација на workaholics,“ вели Анја. „Можеби затоа нашата мисија нам не ни изгледа толку луда. Јас на оваа продуктивност гледам поинаку. Ако не правиме нешто што ќе им го подобри животот на младите, тогаш чувствувам дека си го губиме времето.“ Таа реченица најдобро ја објаснува енергијата зад Brainster Group.
Лудата мисија што веќе не изгледа толку луда
Brainster Next College денес е меѓу најбрзорастечките факултети во регионот. Оваа година на факултетот ќе студираат повеќе од 300 активни студенти. Институцијата има 250 компании партнери за вработување и пракса, како и повеќе од 40 партнерства со факултети за студентите кои сакаат да продолжат на магистерски студии.


Brainster Next College постои од 2021 година и е создаден како одговор на едно важно прашање: како треба да изгледа факултет кој навистина ги подготвува студентите за кариера?
„Сфативме дека ако сакаме вистински да направиме промена во образованието во Македонија, треба да влијаеме врз начинот на кој студентите учат и се подготвуваат за работа,“ вели Анја.
Студентите на Brainster Next College не дипломираат само со диплома- bachelor of applied studies.. Тие дипломираат со портфолио, практично искуство, реални проекти и контакти со компании. Токму затоа се конкурентни на пазарот на труд. Едно од најзначајните достигнувања на факултетот е членството во EURASHE, меѓународна асоцијација на институции за практично високо образование. Brainster Next College е единствена полноправна членка од Македонија во оваа организација. Но најголемиот доказ дека моделот функционира е резултатот на првата генерација дипломци: 100% од нив се вработени.
„Еден од главните проблеми со едукацијата е што резултатите не се гледаат веднаш,“ вели Анја. „Треба да помине цела генерација, три или четири години, за да видиш дали навистина си направил промена. Но токму затоа не се плашиме да инвестираме во младите. Знаеме дека подобрувањето на образованието е процес, не инстант награда. Тука сме за да останеме, а треба да направиме и младите да сакаат да останат.“
Наместо да извезуваме мозоци, да извезуваме знаење
Третиот бизнис на групацијата, NU High School Academy, е создаден за средношколци кои сакаат порано да почнат да се подготвуваат за идните високоплатени професии.
За кратко време, академијата постигна 150% раст на запишани средношколци во Македонија, а потоа се прошири и надвор од земјата преку франшиза во Словенија. За Brainster Group, тоа не е само бизнис успех. Тоа е симболичен момент. Македонски образовни програми почнаа да се користат од средношколци во Европска Унија.
„Наместо да извезуваме мозоци, треба да извезуваме знаење. Токму тоа успеавме да го направиме,“ вели Анја. „Овој бизнис го почнавме со една луда мисија — да ја направиме Македонија позната по квалитетно образование. Но веќе и не ни изгледа толку луда.“ Следниот чекор е нова франшиза, повторно во Европска Унија.


Зошто подготовката за кариера треба да започне уште во средно?
NU High School Academy е изградена врз една едноставна логика: во време кога вештачката интелигенција ги менува речиси сите професии, младите не можат да чекаат до 22 или 25 години за да почнат да градат релевантни вештини.
„Ако нашите деца можат да започнат да тренираат спорт на пет години за еден ден да станат професионални спортисти, тогаш подготовката за високоплатена кариера не треба да почне дури по факултет. Тогаш е доцна,“ вели Анја.
NU High School Academy им овозможува на амбициозните средношколци да учат преку реални проекти, натпревари, менторство и контакт со индустријата. Наместо да чекаат да завршат формално образование за да почнат да создаваат, тие добиваат можност да почнат уште сега.
„Мислам дека младите имаат многу што да кажат, но не им даваме доволно платформи за тоа,“ вели Анја. „Ако сакаме вистинска промена во оваа држава, мора прво да започнеме од нив.“


Бренд што им дава доверба на младите
Како CMO на Brainster Group, Анја не зборува за маркетинг само како за кампањи, продажба или видливост. За неа, брендот се гради преку доверба, резултати и реални можности за младите.
„Доверба во брендот се гради кога ќе им дадеш реална шанса на младите да покажат што знаат,“ вели таа. Затоа Brainster Group постојано инвестира во проекти кои им даваат простор на младите да учат, да создаваат, да работат со компании и да размислуваат како основачи.
„Ние не сакаме само да изградиме квалитетно образование. Сакаме да градиме заедница. Сè што правиме, го враќаме назад кај младите.“
Следната голема инвестиција: млади основачи
Еден од просторите во кои Brainster Group сака дополнително да инвестира е претприемништвото.
„Процентот на студенти кои започнуваат сопствен бизнис е понизок од очекуваното. Тука мора да се подобриме,“ вели Анја.
Токму затоа, минатата година групацијата го организираше натпреварот „Средношколец Милионер“ — еден од најголемите средношколски натпревари за бизнис идеи во Македонија. Во организацијата беа инвестирани околу 100.000 евра, а средношколци од целата земја три месеци работеа на сопствени бизнис идеи. Победничкиот тим освои 1.000.000 денари. Оваа година, Brainster Group повторно ќе го организира натпреварот, со цел тој да прерасне во традиција. Идејата е секој октомври средношколците од целата земја да почнат да размислуваат како претприемачи.
Нов кампус за нова генерација студенти
Следната голема фаза за Brainster Next College е физичка, но и симболична. Од септември 2026 година, сегашните и идните студенти на нашиот факултет ќе се преселат во нов технолошки кампус, каков што нема кај нас. Инвестираме во 1500 м² простор кој не е замислен како класичен факултет, туку како технолошки хаб-место каде студенти, професори, компании, ментори и идеи ќе се среќаваат секојдневно.
„Нашите студенти го заслужија тоа,“ вели Анја.
Образование што почнува со можност
Приказната за Brainster Group е приказна за генерација која не сака само да се жали на системот, туку да изгради паралелен систем што функционира подобро. Образование што не завршува со диплома, туку започнува со можност. Образование што не сака младите да заминат затоа што мораат, туку им дава причина да останат.
„Градиме образование кое посакуваме да го имавме ние,“ вели Анја.
Можеби токму затоа оваа приказна има тежина кај секој член од тимот.



