Во организација на Пагода, организација за промоција на источноазиски култури во Македонија, позната по голем број успешно реализирани културни и тематски настани, овој 1 април ќе се одржи “Jokesters’ Parade – April Fools’ Party”, со почеток од 20:00 часот во Onyx Caffe Bar во Скопје.
Настанот претставува тематска прослава инспирирана од духот на Први април, денот на шегата, маските и неочекуваните изненадувања. Посетителите се поканети да дојдат маскирани и да ја изразат својата креативност преку костими, трикови и уникатен стил.
За музичкиот дел ќе се погрижи Snuziii, кој ќе настапи со енергичен DJ сет во соработка со колективот Beats of Asia, носејќи селекција од популарни јапонски, корејски и кинески хитови, кои ќе создадат динамична атмосфера за танцување.
Дополнително, посетителите ќе имаат можност да го овековечат своето искуство преку Photobooth Macedonia, со специјално дизајнирана тематска рамка за фотографирање.
Програмата вклучува тематски коктели подготвени од Onyx, интерактивни игри и забавни трикови и мини базар со креативни производи од Anime Shop и Dark Night 3D Print.
Овој настан има за цел да поттикне креативност, дружење и алтернативна културна сцена кај младите, нудејќи простор за изразување, забава и поврзување преку заеднички интереси.
Ги покануваме сите заинтересирани да се придружат и да станат дел од оваа несекојдневна парада на шеги, маски и добра енергија. Влезот е бесплатен.

