Македонскиот пазар доби нова димензија во дермокозметиката. Вчеравечер, во присуство на бројни гости и истакнати личности од јавниот живот, свечено беа лансирани брендовите Fillerina и Crescina – иновативни решенија што ги поместуваат границите на неинвазивната нега на кожа и коса.
Брендовите се дел од портфолиото на реномираната швајцарска компанија Labo Suisse, основана во Базел во 1986 година, присутна во 57 земји и препознатлива по своите патентирани формулации и клинички потврдени резултати.
Fillerina® – алтернатива за филер без инјекции
Fillerina претставува прва неинвазивна козметичка алтернатива на дермалните филери со клинички докажана трансдермална пенетрација на 12 типови хијалуронска киселина. Производот овозможува намалување на брчките, подобрување на волуменот и зголемување на тонусот на кожата – без инјекции и без инвазивни процедури, во домашни услови.




Crescina® – иновација за повторен раст на коса
Crescina е формулација наменета за стимулирање раст на коса кај некомплетно атрофирани фоликули. Со патентирани активни комплекси и клинички потврдена ефикасност, производот делува директно на фоликуларната структура и овозможува видливо подобрување по четиримесечен третман.
Со овие два бренда, домашниот пазар добива научно базирани и високо специјализирани решенија во областа на дермокозметиката.
Од Реплек, како официјален и екслузивен дистрибутер на брендовите, посочуваат дека нивното воведување претставува значаен исчекор кон подигнување на стандардите во неинвазивната нега на кожа и коса, базирана на клинички докажани резултати и високи европски стандарди.
Fillerina® и Crescina® се достапни во сите поголеми и подобро снабдени аптеки низ Македонија, со можност и за онлајн продажба.


