Во празнична и опуштена атмосфера, тимот на Artdeco Macedonia организираше beauty настан и панел-дискусија посветена на празничниот make-up и трансформацијата од дневен во вечерен изглед. Настанот помина во знак на инспиративен разговор, практични совети и непосредно искуство со производите на Artdeco – бренд кој со години е препознатлив по своите квалитетни формули, иновативен пристап и доследна естетика што успешно ги следи светските трендови.
Во фокусот на настанот беа реномираните шминкери Сим Салтирова и Владо Георгиев, кои со присутните споделија конкретни примери за дневни празнични изгледи, како и совети како тие лесно и брзо да се надградат во вечерен glam, без да се изгуби природноста и личниот стил.




Од дневен до вечерен изглед – практични совети
Сим и Владо предложија реални дневни make-up решенија – свеж тен, дискретно нагласени очи и природни усни, со посебен акцент на подготовката на кожата со Skin Yoga Face, линијата за нега на Artdeco која обезбедува хидратација, удобност и природен сјај. Посетителите имаа можност да слушнат како со неколку корекции – интензивирање на сенките, додавање суптилен сјај и нагласување на трепките – дневниот изглед може без напор да се претвори во свечен и впечатлив.
Во разговорот беа спомнати и клучните производи за вакви трансформации, меѓу кои Eyeshadow Base за долготрајност и интензитет на сенките, новите палети на сенки за игра со боја и текстура, Angel Eyes Mascara за нагласен, но префинет поглед, како и Brow Lamination Gel за уредни и дефинирани веѓи во текот на целиот ден.
Особено внимание беше посветено на тоа на што треба да се внимава при свечен изглед – правилни слоеви, балансиран сјај и избор на производи кои не само што изгледаат убаво, туку и траат. Како финален допир, беше истакнат и Rich Treatment карминот, кој успешно ја спојува бојата со нега и претставува практичен избор за долги празнични вечери.
Интерактивно искуство за посетителите
Настанот беше надополнет со интерактивен дел, каде посетителите имаа можност на лице место да видат mini make-up сесии и професионално нанесување на најновите Artdeco производи. Овој практичен момент беше еден од највпечатливите за публиката, која со голем интерес ги следеше демонстрациите и активно учествуваше со прашања и коментари.
Реакциите од посетителите беа повеќе од позитивни – настанот беше оценет како инспиративен, корисен и релаксиран, а многумина заминаа со конкретни идеи како да го надградат својот празничен make-up. Со вакви настани, Artdeco уште еднаш ја потврдува својата позиција како бренд кој нуди достапен луксуз, професионален квалитет и производи што им овозможуваат на жените лесно, со самодоверба и уживање да ја истакнат својата индивидуалност.










