Вчера, на 19 јуни, Аdidas официјално ја најави својата нова колекција и кампања во соработка со браќата Gallagher, под насловот што кажува сè: ‘Original Forever’. Колекцијата е омаж на повеќе од 30 години заедничка историја помеѓу бендот Oasis и брендот adidas, врска што трае уште од првите концерти до денес.
Како дел од кампањата, беше претставено и ексклузивно триминутно видео, како и линија облека под името adidas Originals x Oasis Live ‘25, инспирирана од 90-тите. За да ја одбележат премиерата, adidas им дадоа на медиумите редок пристап до архивски фотографии на браќата Gallagher облечени во adidas низ годините, како доказ дека оваа колаборација е само логично продолжение на стил што отсекогаш бил нивен потпис.
Кога ќе се сретнат музичка и модна икона од 90-тите – добиваме нешто повеќе од обична колекција. Oasis и adidas ја претставуваат Original Forever : соработка што го слави духот на една бунтовна генерација и стилот што не излегува од мода.
Инспирирана од Britpop културата, уличниот манчестерски стил и арогантниот шарм на браќата Gallagher, оваа колекција носи класични adidas силуети – редизајнирани со носталгичен твист и став: „Сè се менува, освен стилот.“
Oasis x adidas е совршен спој на музика, култна естетика и современ уличен стил. Колекцијата ги носи боите и текстурите на ерата кога сцената и улицата беа едно и ги претставува во модерен контекст, за новата генерација што го сaка стариот звук, но го носи на свој начин.