Луксузниот италијански бренд со долгогодишна традиција за дамска мода, Луиза Спањоли, носи врвна елеганција и квалитет, нудејќи им на сите дами безвременски модни парчиња што ја истакнуваат нивната софистицираност. Овој бренд комбинира безвременска изработка со современ дизајн, нудејќи облека што ги нагласуваат женственоста и добриот стил.
Зад овој престижен бренд стои името на Италијанката Луиза Спањоли, визионерка и претприемачка, која со својот иновативен дух остави длабока трага во историјата на модата. Родена во Перуџа, Италија, на 30 октомври 1877 година, Луиза поседувала извонредна креативност и амбиција, создавајќи две големи компании: познатата фабрика за чоколади „Перуџина“ и модната куќа што го носи нејзиното име – Луиза Спањоли.
Како пионерка на женското претприемништво, таа секогаш била пред своето време, создавајќи не само успешни компании туку и отворајќи го патот за вклучување на жените во индустрискиот сектор во Италија.
По нејзината смрт во 1935 година, синот Марио ја презел компанијата и ја проширил на меѓународно ниво, останувајќи доследен на високиот квалитет и елеганцијата што го карактеризираат брендот. Првата продавница на Луиза Спањоли била отворена во Перуџа во 1940 година, по што следувале Фиренца, Рим, Милано и Венеција.
Под водството на семејството Спањоли, брендот продолжил да расте, станувајќи синоним за италијански стил и елеганција. Денес, брендот е управуван од четвртата генерација на семејството, под раководство на внуката Николета Спањоли, која внела модерен пристап кон класичната естетика. Со својот уникатен стил, Луиза Спањоли стана симбол на „секојдневен луксуз“, комбинирајќи висококвалитетни материјали и рачна изработка со пристапни цени.
Од 2021 година, брендот зема учество на официјалната модна недела на Националната комора на италијанска мода, со што го потврдува своето место меѓу водечките модни куќи во светот. Денес, брендот ги задоволува потребите на модерната жена, нудејќи елеганција за секоја пригода преку своите колекции. Со фокус на зајакнување на жените, Луиза Спањоли има цел да создаде парчиња што ги слават индивидуалноста и самодовербата.
Ве покануваме да ја посетите новоотворената продавница на Луиза Спањоли во Скопје, лоцирана на приземјето во „Рамстор мол“. Просторот е дизајниран од тим на италијански архитекти, кои ја доловуваат суштината на минимализмот и елеганцијата, создавајќи простор што е широк, светол и софистициран. Во продавницата на Луиза Спањоли, дамите ќе можат да најдат уникатни модни парчиња изработени од најквалитетни материјали, внимателно селектирани за да го задоволат вкусот на секоја жена со изграден стил. Дизајните вклучуваат живописни бои и уникатни дезени, изработени исклучиво од природни материјали како чиста свила, фина волна и висококвалитетна кожа. Без разлика дали станува збор за формални пригоди, деловен стил или комбинации за секој ден, Луиза Спањоли секогаш ќе ви помогне да изгледате елегантно и самоуверено.
Во продавницата е пристигната зимската колекција во која доминираат земјени тонови и таа е хармоничен спој на елеганција и топлина, со луксузни ткаенини и софистицирани силуети. Колекцијата ја доловува суштината на италијанската изработка додека нуди разновидни стилови за модерната жена.
Нашиот професионален и внимателно обучен персонал е тука да ви помогне при изборот на совршената комбинација и ќе се погрижи да го најдете вистинското парче облека за секоја пригода, со цел да изгледате блескаво и уникатно.
Наскоро, во „Рамстор мол“, на Луиза Спањоли, ќе ѝ се придружи модниот бренд MAX&CO. и други светски познати и реномирани модни брендови, кои ќе го збогатат вашето модно искуство и ќе ги задоволат сите љубители на луксузот и елеганцијата. Подгответе се за уште повеќе уникатни и ексклузивни парчиња, кои ќе ве освојат на прв поглед.
Дозволете си да бидете дел од италијанската елеганција и современите трендови.
Добре дојдовте во светот на Луиза Спањоли!