„Три слави 5че!“ е слоганот за нajaва на роденската забава на Three Kitchen & Bar, која е закажана за 14 февруари. Пет години, врвна храна, добра музика, прекрасен амбиент и незаборавна забава. По повод нивниот јубилеј ние разговаравме со Иван Тодоровски- Денвер и Христијан Џалев- Џале, сопственици на Three kitchen & bar и ноќниот клуб Станица 26.
Three Кitchen & Bar на љубителите на добра храна и музика им покажа дека и Скопjе има места коиналикуваат на оние од европските метрополи. Што сметате дека е најголем адут на овој бар и што го прави различен од останатите?
Во последните години, многу луѓе се прашуваат дали во Скопје постои тренд на уживање во ресторански искуства. Навиките и културата на исхрана на локалното население можат да бидат различни. Многумина во текот на денот јадат едноставни работи, кои се лесно достапни за купување и брзо се консумираат во краток временски интервал, а нашата традиција се базира на излегување на ручек или вечера во друштво, што воедно подразбира и дегустација на квалитетно вино. Тоа што го прави нашиот бар и ресторан уникатен е пред сé местоположбата на локалот и самиот амбиент во него. Имено, во самиот центар на градот се наоѓа место кое е изградено врз основите на старата железничка станица, урбано архитектонски уредено во модерен објект кој воедно ги интегрира елементите од претходната градба на објектот која датира од пред втората светска војна. Тоа што го прави локалот извонредно атрактивен е внатрешно интегрираната градина со хортикултурно уредување и постојано присуство на свежи цветни аранжмани во самиот локал, како и дозволата за присуство на домашни миленици заедно со гостите. Нашата приказна е градена полека и многу внимателно за да се стигне до тука каде што сме денес. Имено, ние сме љубители на патување до најразлични дестинации низ светот, а со тоа постојано пробуваме најразлични кујни, како експериментални така и традиционало – локални. Сите тие искуства се трудиме да ги интегрираме во нашиот локал, а со тенденција да го приближиме светот до нашите клиенти, а и постојано да се менуваме и да одиме напред.Тоа што за нас е битно е гостите да се чуствуваат пријатно, да бидат добро услужени, да излезат задоволни, за да ги преточат ручекот или вечерата во забава и да заминат со незаборавно и уникатно искуство.
Каков вид на храна нудите и по кои нормативи се подготвува менито?
Нашето мото е да созададеме не премногу обемно мени, со точни карактеристични јадења и истите да бидат усовршени до максимум. Креативноста и иновацијата во кујната можат да создадат уникатни вкусови и искуства за гостите. Она по кое сме различни од останатите е грижата за набавка на најдобрите намирници, производи и додатоци кои внимателно ги одбираме заедно со нашиот шеф Маци Стојановиќ и ги послужуваме на гостите. Имено, секогаш водиме сметка да имаме производи кои ги набавуваме од специјални добавувачи кои се специјализирани во одредени области, па така во нашиот ресторан може да се пробаат сирења специјално подготвени за нашата кујна, маслинови масла кои се врвно декларирани на светските пазари, печурки од најразлични сезонски видови, домашно подготвени тестенини и леб, а посебно сме познати по извонредниот квалитет на месо и неговата подготовка, како и одредени морски производи. Нормативите за подготовка на менито се стремиме да бидат константни, но секако дека менито се менува сезонски поради промената на достапноста на производите.
Најважно за еден угостителски објект е да го оддржи квалитетот на услугите. По кои принципи се раководите за вашите посетители да се секогаш наjдобро услужени?
Постигнување на високо ниво на услуга е навистина тешко, посебно во нашата земја, бидејќи сите знаеме дека да се најде добар и веќе обучен персонал е проблем со кој се соочуваат сите угостителски објекти. Затоа ние се стремиме нашиот персонал постојано да го обучуваме да биде подготвен за висок степен на професионалност во работата со гостите и да го презентира менито кое го нудиме, а секако да знае да препорача и соодветен пијалок, посебно вино. Можеби ќе се запрашате зошто токму виното? Бидејќи нашата винотека содржи најразлични видови на вина од многу земји од светот, кои со цена се достапни за сечиj вкус. Секако дека големо внимание обрнуваме на тоа и како се презентира и послужува храната, за што нашите вработени постојано се обучуваат, а се со цел да ги пратиме светските трендови. Тоа што не карактеризира во овој сегмент е медитеранскиот пристап на сервирање и послужување на храната. Исто така една од главните карактеристики што е во директна корелација со дизајнот на локалот е тоа што секој посетител или група на посетители можат да ја имаат својата интимност без разлика дали се работи за ручек или вечера, мал настан или роденден. Но воедно централната позиција на шанкот дозволува и интеракција помеѓу гостите, како внатре така и надвор на терасата кога временските услови дозволуваат.
Сепак најбитниот момент во целата наша приказна е што постојано инсистираме на повратна информација од гостите во однос на сите сегменти: услугата, храната, амбиентот и цената. Тоа се главните параметри преку кои правиме евалуација за во иднина да бидеме се подобри.
Three Кitchen & Bar и Станица 26 секогаш се поврзуваат со звучни музички иминьа, познати диџеи кои гостуваат пред македонската публика. Штоподготвувате оваа година, каква е вашата музичкаагенда?
Генерално клупската сцена во Скопје е жива и разновидна. Секоја година или сезона ние имаме стриктно одредени планови и стратегии за музични настапи и специјални диџеи, вклучувајќи го разновидниот жанровски спектар и познатите имиња на музичкаталокална и интернационална сцена. Оваа година повторно ќе настапуваат познати диџеи кои се наши долгогодишни соработници, од кои многумина се големи музички артисти во областа на електронската музика. Сепак во Three Кitchen & Bar ја продолжуваме традицијата на организирање на вечера со веќе познати диџеи, каде гостите по вечерата може да продолжат со забава која е еден вид “загревање” за журките кои се организираат во Станица 26. За разлика од Three Кitchen & Bar, Станица 26 е клуб кој е генерално посветен на клупската музика, но сепак се организираат и концерти и настани кои ги задоволуваат вкусовите и на љубителите на џез, рок, поп и хип-хоп музиката. Сцената е динамична и секогаш се менува, со настани кои го обогатуваат опсегот на музичките искуства во Скопје, а ние се трудиме да ги задржиме нашите високи стандарди.
Во кој правец сакате да го развивате Threе Кitchen & Bar?
Во принцип Three Kitchen & Bar самиот по себе си прави селекција на гости кои уживаат во неговиот амбиент и атмосфера, а ние како сопственици секогаш се фокусираме на креативните мениа и нови кулинарски искуства кои можат да ги привлечат и задржат гостите.Музиката ни е многу важен сегмент во целата приказна. Секогаш се стремиме кон интересен дизајн на флаерите и весела атмосфера на журките со селекција на високо квалитетна музика. Организирањето на тематските икулинарските вечери, коктел-вечерите и другитеинтересни настани го привлекуваат вниманието на локалната заедница и ги засилуваат нашите непосредни врски со гостите. Воведувањето на одржливи практики во работата, како што се користење на био-разградливи материјали за пакување, поддршка на локалните заедниции заштита на животната средина, се наше секојдневие.Преку иновација, креативност и посветеност кон квалитет, Three Kitchen & Bar го задржува својот статус како дестинација за гурмани и љубители на добрата храна и атмосфера, а кон тоа ќе се стремиме и во иднина.
Овој викенд го прославувате петтиот роденден на Three Kitchen & Bar. Што може да очекуваатпосетителите на роденденската журка?
„Три слави 5че!” Тоа е нашиот слоган за петтиот роденден на нашиот локал. Придружете ни се во прославувањето на еден убав јубилеј! Возбудени сме штоможеме да објавиме дека нашата совршена приказнаполни пет години! Во текот на изминатите пет години, создадовме незаборавни искуства, моменти за паметење и спомени кои остануваат долго. Во оваа посебна прилика, ве покануваме да ни се придружите на еднодневнапрослава исполнета со кулинарски задоволства, коктели и дружба. На 14 февруари има многу поводи за славење, од кои едниот сме ние. Дојдете да наздравиме за петгодишната страст, иновативност и радост на зближување на луѓето преку добра храна, дружење и гостопримство. Ајде да го направиме овој роденден онака како што доликува! Се гледаме, друштво!