Во свет каде што свесниот консумеризам и грижата за себе се постојно испреплетени,
од големо значење е да се изберат производи кои не само што ни даваат нега, туку и
покажуваат грижа за нашата средина. ПОРТРЕТ ви предлага пет еколошки производи кои не
само што промовираат љубов кон себе, туку и придонесуваат за поздрава, поодржлива
иднина на нашата планета.
Од основните продукти за нега на кожата до неопходните промени што треба да ги
направиме во нашиот живот, овие предлог подароци нудат начин да се инвестира и во
личната и во еколошката благосостојба.
Македонскиот бренд кој ги револуционизираше биоразградливите хулахопки
направени од алое вера и од најнова еко технолија. Имаат извонредни козметички бенфиции
за кожата на нозете и промовираат хулахопки кои се разградуваат 10-15Х побрзо од
регуларните.
ИГРАЛИШТЕ
Игралиште е локална продавница за винтиџ облека од Лос Анџелес. Истражете ја
нивната нова колекција од винтиџ ноќници за денот на вљубените.
ПУРА ПЕРЛА
Пура Перла е локален органски бренд за козметика. Имаат развиено различни видови
продукти за лице, тело, коса, и за мајки и за бебиња. Нивните производи можете да ги
најдете на нивната веб-страница или во нивната продавничка на Рузвелтова, до Вега.
Freya_the official
Freya е уникатна македонска продавница за сребрен накит 925 која почна да се
развива од 2021 година. Купување локални продукти не само што е од значително значење
за локалната економија и заедница, туку овозможува и намалени емисии од транспортот.
LUSH
LUSH е познат светски бренд за природна козметика кој се продава и кај нас.
Производите на LUSH се рачно изработени, 100% вегетаријански и брендот отворени се
бори против тестирање на животните во козметичката индустрија.